Михаил Сарафов
Михаил Константинов Сарафов бил бугарски револуционер, политичар, просветен деец и дипломат. Тој учествувал во неколку бугарски влади како претставник на Либералната, а подоцна на Прогресивнолибералната партија - како просветен (1880-1881), финансиски (1884, 1902-1903) и министер за внатрешни работи (1901-1902).
Михаил Сарафов | ||
Роден | 26 февруари 1854 Трново, Бугарија | |
---|---|---|
Починал | 13 декември 1924 Софија, Бугарија |
Животопис
уредиМихаил Сарафов е роден на 26 февруари (14 февруари стар стил) 1854 година во Трново. Брат е на генералот Иван Сарафов и докторот Георги Сарафов. Првично учел во родниот град, а во 1875 година завршил гимназија во Загреб. Потоа учествувал во работата на Бугарскиот револуционерен централен комитет во Букурешт и во раководството на револуционерниот комитет во Трново, каде бил учител во периодот меѓу 1875-1876 година. Бил уапсен за кратко, по што ја напуштил земјата и ги посетува универзитетите во Загреб, Минхен и Париз [1].
По враќањето во Бугарија, Михаил Сарафов бил поставен за министер за народното просветителство во владата на Петко Каравелов (1880-1881). За време на Режимот на полномошното (1881-1883) го предводел новоформираниот Заводот за статистика при Министерството за финансии, на таа функција го организирал првиот попис во Бугарија. Во 1884 година е министер за финансии во владата на Цанков Драган. Во истата година станал член на Бугарското книжевно друштво (БКД).
Во периодот меѓу 1893 и 1896 година, Сарафов бил директор на Солунската машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“, а од 1895 до 1896 и на Солунската женска гимназија. Поради своите погледи, во Солун дошол во судир со македонското егзархиско граѓанство и основачите на Македонската револуционерна организација. Меѓутоа под влијание на Организацијата, авторитетот на Сарафов меѓу солунското граѓанство опаднало, a за овие случувања Петар Поп Арсов во Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници вели дека:
- ... граѓаните веќе започнуваат да си играат со бившиот министер, тешко е бај Сарафов, кога човек веднаш ќе падне морално пред очите на народот - нели?... и ве уверуваме дека така ќе продолжи да бива положбата на сите твои сотатковци, кои доаѓаат во Македонија, со претензија да создаваат Бугари, да ја култивираат земјата... уште потешка ќе стане положбата на вашето начелство, кое сака нека биде тоа, ако продолжите да ви дава слични инструкции, не ќе прокопса бугарската идеја, ако одите со тој ум. Зашто ние Македонците, баш ништо немаме, ништо не сме спечалиле, благодарение на слепата доверба кон своите божем браќа, па нема што да изгубиме [2]
Сарафов откако не можел да се наметне во Солун се вратил во Бугарија. По враќањето во Софија бил поставен за заменик-директор на осигурителната компанија Балкан (1897-1900) и благајник на БКД (1898-1904). Учествувал како министер за внатрешни работи во коалиционата влада на Петко Каравелов (1901) и како министер за финансии во трите самостојни прогресистички влади на Стојан Данев [3].
Во следните години Михаил Сарафов заземал различни дипломатски функции. Тој бил дипломатски претставник на Бугарија во Виена (1904-1909) и Цариград (1909-1913) и претставник на Министерството за надворешни работи во Солун за време на Балканските војни (1913). Учествува и во бугарската делегација за потпишување на Нејскиот договор во 1919 година
Михаил Сарафов умрел во Софија на 13 декември 1924 година.
Извори
уреди- ↑ Ташев, Ташо. Министрите на България 1879-1999. София, АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО, 1999.
- ↑ Вардарски (Петар Поп Арсов), „Стамболовштината во Македонија и нејзините претставници“, превод, редакција, коментар и предговор д-р Ванчо Ѓорѓиев, Табернакул, Скопје 2006
- ↑ Ташев, Ташо. Министрите на България 1879-1999. София, АИ „Проф. Марин Дринов“ / Изд. на МО, 1999