Митрополитски дом (Киев)
Митрополитски дом (украински: Будинок митрополита) — поранешно седиште на Киевскиот митрополит. Денеска, зградата е претворена во музеј и се наоѓа на Владимирската улица бр. 24 во Киев, Украина.
Митрополитски дом Будинок митрополита | |
---|---|
Општи податоци | |
Стил | барок |
Адреса | 10 Банкова улица |
Град | Киев |
Земја | Украина |
Координати | 50°27′8.9″N 30°30′48.03″E / 50.452472° СГШ; 30.5133417° ИГД |
Почната | 1722 |
Завршена | 1730 |
Технички податоци | |
Катови | Владимирска улица бр. 24 |
Денешниот музеј се наоѓа во близина на Софискиот собор. Нејзината изградба започнала во 1722 година, во времето на митрополитот Владимир Ванатович (1722-1730). Значаен придонес за изградбата на митрополитскиот дом имал митрополитот Рафаел Заборовски (1731-1743). Во текот на својата историја, резиденцијата била постојано проширувана и обновувана.
Во периодот од 1918 до 1923 година, во овој објект се наоѓал украинскиот институт за архитектура. Од 1924 година овде се наоѓал Централниот историски архив, за да по војната повторно биде користена од страна на Академијата за градежништво и архитектра на Украинска ССР.
Денеска, објектот е претворен во музеј.