Митре Гелев Спасовски ( 1908 во Горно Коњаре, Кумановско1944 во Шишево, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Израснат е во селско семејство. Завршил основно училиште, а потоа се занимавал со земјоделство и повремено со чување на добиток. По смртта на својот татко бил принуден да слугува кај поимотните соселани. Го помагал подготвувањето на оружената борба против окупаторот. Во септември 1944 година, стапил во борбените редови на Треттата македонска ударна бригада. Бил учесник во сите нејзини борби и секогаш се истакнувал со својата храброст и пожртвуваност. Кон крајот на октомври истата година, храбро загинал во борбата против балистите и Германците кај селото Шишево.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 243. На |first= му недостасува |last= (help)