Србољуб Спасовски


Србољуб Спасовски (Горно Коњаре, Кумановско, 1977Маврово, 11 октомври 2001) — македонски бранител, полициски резервист и учесник во воениот конфликт во Македонија во 2001 година. Спасовски бил исто така репрезентативец на македонската карате репрезентација. Загинува на 11 октомври 2001 година во Маврово во несреќен случај.[1]

Србољуб Спасовски
1977 – 11.10.2001 (24 г.)

Прекар:«Србо»
Роден во:Горно Коњаре, СР Македонија СР Македонија
Починал во:Маврово
Служба во:Македонија Македонија
Чин: Полициски резервист
Битки/војни:Војна во Македонија 2001
  • Операција MX-1 и МХ-2
Одличја: Медал за храброст

Животопис уреди

Живот, војната 2001 година и смрт уреди

Србољуб Спасовски е роден во 1977 година во Горно Коњаре, Кумановско и бил каратист, репрезентативец на Македонија. Србољуб од почетокот на воениот конфликт 2001 година бил полициски резервист. Во октовмри 2001 година бил во Маврово на обука каде што требал да полага приемни тестови за да добие вработување во МВР. Спасовски загинува во својата хотелска соба додека неговиот колега го чистел службениот пиштол. Неговиот другар при чистењето на пиштолот не го извадил шаржерот и не сакајќи испукал еден куршум. Куршумот смртно го погодил Спасовски во градите. Првичните информации на МВР беа дека станува збор за несреќен случај. Според непотврдени информации, дошло до пресметка меѓу самите припадници на интервентните полициски сили.[2] Загинува на 24 годишна возраст. Неофицијално, неговите родители и роднини се убедени дека не се работи за несреќен случај, туку дека Спасовски бил убиен. МВР ја демантираше оваа информација.[3] Погребан е на гробиштата во родното Горно Коњаре.

Србољуб Спасовски посмртно е одликуван со медал за храброст од Претседателот на Р Македонија.[4]

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. „Татковино, за што загинавме?“, Македонска книга 2002
  2. „Мистериозно загина припадник на "Тигрите". Дневник. 15 октомври 2001.[мртва врска]
  3. „Загина полициски резервист во несреќен случај“. А1. 12 октомври 2001.
  4. „Посмртно, со медал за храброст, одликувани 32 загинати припадници на МВР“. webohrid.com. 7 мај 2013. Архивирано од изворникот на 2014-02-23. Посетено на 2017-05-31.