Митко Цветаноски - Ганчо (11 октомври 1920 во Прилеп21 септември 1944 во Прилеп) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

По занимање бил работник. Бил активен помагач на Народноослободителното движење од првиот период на окупацијата. Кон партизанските одреди на Македонија се приклучил во март 1943 година. Подоцна бил борец во Петтата македонска ударна бригада. Загинал во борба против Германците, кај Тутунскиот комбинат во Прилеп.[1] Една улица во неговиот роден град Прилеп, е именувана по него.[2]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Б. Најдоски, м-р Јован (1984). Институт за тутун - Прилеп - 60 годишен јубилеј. Прилеп: Институт за тутун - Прилеп. стр. 16.
  2. „Митко Цветаноски-Ганчо, 52 - Прилеп“. wikimapia.org. Посетено на 2022-09-17.