Митко Мустачки - Сокол (? - Скопје, 10 август 2014) — македонски музичар, познат гитарист на повеќе рок состави, меѓу кои и на „Долар“ и „Карамела“.

Митко Мустачки - Сокол
Починал 10 август 2014
Скопје, Македонија Македонија
Занимање гитарист

Животопис

уреди

Мустачки се разболел од оштетување на црниот дроб и се повлекол од музиката. Неговите колеги од музичката сцена организирале хуманитарен концерт за финансиска поддршка на лекувањето[1], но болеста била посилна и на 14 август 2014 година, Мустачки починал во Скопје.[2][3]

Музичка кариера

уреди

Мустачки е основач на „Карамела“, една од позначајните групи во периодот на 1980-тите години, во која членувале и Стојанчо Андонов - Тонка, Слободан Капевски - Дане и Љупчо Димитиевски - Семо. Исто така, тој бил и дел од групата „Долар“.[4] Освен со одличното свирење на електрична гитара, Мустачки во еден период водел и музичка ТВ-емисија, со наслов „Старите добри времиња“ во која, користејќи ја својата исклучително богата видео и аудио архива, знаел да направи вистински времеплов на добрата музика од македонските, од поранешните југословенски простори и од светот.

Наводи

уреди
  1. Апел за помош на музичарот Митко Мустачки-Сокол[мртва врска]
  2. Жална вест: Почина Митко Мустачки-Сокол. Архивирано од изворникот на 2014-08-17. Посетено на 2014-08-14.
  3. Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 12-13.
  4. МИТКО МУСТАЧКИ-СОКОЛ. Архивирано од изворникот на 2016-03-10. Посетено на 2014-08-14.