Мирче Горански ( 1924 во Побожје, Скопско1944 во Бразда, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Животопис

уреди

Обработувал земја и чувал добиток. Во септември 1944 година со своите соселани организирале оружен отпор против балистите. Во Скопска Црна Гора веќе биле дојдени и се бореле против балистите, Осмата бујановачка и Дванаесеттата прешевска бригада. Со Шеснаесеттата македонска ударна бригада учествувал во ноќни борби против моторизираните германски колони, кои се повлекувале од Грција. Во една од борбите против балистичките банди и германските колони во октомври 1944 година, храбро загинал кај Браздански Рид. Неговите посмртни останки биле пренесени и закопани на селските гробишта во Побожје.[1]

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 185. На |first= му недостасува |last= (help)