Миралиски мост (1854)
Миралиски мост (грчки: Γεφύρι του Παλιομάγερου, γεφύρι της Χρυσαυγής) — стар камен мост во Населичко, Егејска Македонија. Ја преминува реката Праморица, на околу половина километар од селото Мирали, и го поврзува тоа село со селата Жупан и Либохово.
Миралиски мост Γεφύρι της Χρυσαυγής | |
---|---|
Поглед на мостот | |
Координати | 40°10′18″N 21°13′10″E / 40.17167° СГШ; 21.21944° ИГД |
Преминува | Праморица |
Место | Мирали, Населичко, Егејска Македонија |
Особености | |
Вид | лачен |
Материјал | камен |
Вкуп. должина | 25 м |
Ширина | 3,4 м |
Најдолг распон | 14,2 м |
Распони | 1 |
Историја | |
Завршен | 1854 |
Местоположба | |
Мостот е изграден во 1854 г. Подигнат е со средства на ајдукот Николаос Замброс од гребенското село Воденско. Според преданието, тој не успеал да ја премине реката кога бегал од неговите гонители и решил да се скрие во Мирали. За возврат на селаните им дал пари за изградба на мост. За градител на мостот се смета Николаос Анагностис Ѕјуфас (1824 - 1892) од Либохово. Парапетите се изработени од селските мајстори Евтимиос Зјулас и Атанасиос Пулиос.
Мостот има еден лак со распон од 14,2 м и висина на лакот од 9,1 м.[1]