Мино Гавриловски
Мино Андонов Гавриловски ( 1894 во — 15 октомври 1944 во Долно Свиларе, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]
Животопис
уредиВо потрага за подобар живот се доселил во Скопје, каде отворил млекарница. Од крајот нз 1943 година стапил во Народноослбодителното движење. Во 1944 година бил курир меѓу Скопје и Шарпланинскиот одред. Често бил на пат, носејќи доверлива пошта мегу градот и партизаните. На 15 октомври 1944 година, во моментот кога ја носел доверливата пошта за партизаните, бил фатен од балисти на патот кај Долно Свиларе ѝ ѕверски убиен на самото место.[1]