Миноритски плоштад
Миноритски плоштад (германски: Minoritenplatz) — едниот од најстарите јавни плоштади во Виена, Австрија. Сместен е во првиот округ Иннер Штат (германски: Innere Stadt) и во него доминира Миноритската црква, по што е именуван плоштадот. Самата црква е изградена од монасите минорити, откако австрискиот војвода Леополд VI (војвода на Австрија) ги поканил во Австрија во 1224 година. Бидејќи плоштадот е во непосредна близина на Царската палата Хофбург, голем број на аристократски семејства престојувале на плоштадот од 16-ти до 18-ти век. Палатата Хофбург е палата сместена во Виена. Таа била дом на најмоќните луѓе во историјата на Австрија, вклучувајќи ја и Хабсбуршката династија, во која биле владетелите на големото Австроунгарско царство. Моментално, палатата служи како официјална резиденција на австрискиот претседател.
Градски палати (Palais) кои се наоѓаат на Миноритскиот плоштад се:
- Palais Dietrichstein (изградена во 17 век)
- Palais Liechtenstein (1706)
- Palais Starhemberg (1650-1661, )
- Palais Niederösterreich (1839-1848)
- Landeshauptmannschaft (поранешна Statthaltereigebäude)
На првиот Миноритски плоштад се наоѓа Државниот архив на Австрија (Österreichisches Staatsarchiv), основани во 15 век од Максимилијан Први (Свето Римско Царство), Светиот римски цар како семејство, суд и државен архив (Haus-, Hof- und Staatsarchiv). Зградата сега датира од 1901 година. Во близина на Архивата се наоѓа Министерството за надворешни работи, сместено на плоштадот со адреса бр. 8.
Мали споменици на уметникот Рудолф фон Алт, свештеникот Клеменс Марија Хофбауер и политичарот Леополд Фигл исто така го красат плоштадот.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- Миноритски плоштад на Ризницата ?</img>
- Czeike, Felix (1973). Wien: Kunst & Kultur. Sueddeutscher Verlag, Минхен. ISBN 3-7991-5769-7