Мини Рипертон

американска пејачка (1947–1979)

Мини Џулија Рипертон Рудолф (англиски: Minnie Julia Riperton Rudolph; 8 ноември 1947 – 12 јули 1979) [4] ― американска соул-пејачка и текстописец. Нејзина најпозната песна е „Lovin' You“ издадена како сингл во 1975 година. Имала гласовен опсег од пет октави.[5]

Мини Рипертон
Мини Рипертон во 1977
Роден(а)Мини Џулија Рипертон[1][2][3]
8 ноември 1947(1947-11-08)
Чикаго, Илиноис, САД
Починал(а)јули 12, 1979(1979-07-12) (возр. 31)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Други имињаАндреа Дејвис
ЗанимањеПејачка
Активен период1962–1979
Значајни дела"Lovin' You"
СопружникРичард Рудолф (в. 1970)
Деца2

Живот и кариера

уреди

Детство

уреди

Мини Рипертон е родена на 8 ноември 1947 година во Чикаго. Таа била најмала од осумте деца на нејзините родители. Уште како дете ја засакала музиката и земала часови по музика, драма и балет во Линколн Центар во Чикаго.[6] Таа била подучувана за да стане оперска пејачка, но младата Рипертон била силно привлечена соул, ритам и блуз и рок-музиката. Се запишала на Луп колеџот во Чикаго, но го напуштила за да продолжи со музичката кариера.

Член на музички групи

уреди

На нејзини 15 години, Рипертон станала главна пејачка на женската група The Gems. Рејнард Минер, слеп пијанист, ја слушнал како пее за време на нејзиниот настап со а капела хор на Хајд Парк и станал нејзин музички покровител. The Gems немале некој посебен успех, но Рипертон преку групата го покажала нејзиниот раскошен талент.

Во 1966 година, во соработка со нејзиниот ментор, текстописецот Били Дејвис, Мини Рипертон објавила сингл кој станал месен хит.[7] Во чест на Дејвис, Мини овој сингл го објавила под псевдонимот Андреа Дејвис. Неколку месеци откако нејзините синглови се појавиле на радио, Рипертон се приклучила на Rotary Connection, рок-соул-група креирана од синот на основачот на Chess Records. Тие го издале нивниот албум Rotary Connection во 1968 година, а потоа објавиле уште пет албуми: Aladdin (1968) Peace и Songs (1969), Dinner Music (1970) и Hey Love (1971).

Соло-кариера

уреди

Во 1970 година, Рипертон го објавила нејзиниот прв-соло албум под наслов Come to My Garden. Албумот бил издаден од GRT Records. Иако плочата во времето на нејзиното објавување не се продавала добро, музичките критичари денес го сметаат за ремек-дело.[8] Од 1971 до 1973 Рипертон си зела пауза од музиката за да се посвети на своето семејство.

Во 1973 година, Рипертон потпишала договор со Epic Records и со нејзиното семејството се преселила во Лос Анџелес. Следниот албум, Perfect Angel, бил еден од најпродадените албуми на Рипертон. Албумот бил копродуциран од Стиви Вондер и го содржел нејзиниот најголем хит-сингл „Lovin' You“. Песната забележала огромен успех и се искачила на врвот на топ-листите во САД и во 24 други држави. Perfect Angel се продал во златен тираж во САД, а Рипертон била нарекувана како "дамата со висок глас и со цвеќиња во косата".

По Perfect Angel, Рипертон заедно со нејзиниот сопруг, текстописецот и музички продуцент Ричард Рудолф почнала да работи на нејзиниот трет албум, Adventures in Paradise (1975). Албумот имал скромен успех.

Подоцнежна кариера и борба со ракот

уреди

Во 1976 година на Мини ѝ бил дијаностициран рак на дојка. На 24 август 1976 година, Рипертон на The Tonight Show открила дека била подложена на мастектомија. Во моментот на дијагностицирањето, Рипертон дознала дека ракот веќе се проширил на лимфниот систем и ѝ биле дадени околу шест месеци живот. Таа ја продолжила турнејата во 1977 и 1978 година и била државен портпарол на кампањата на Американското здружение за рак од 1978 до 1979 година.

За нејзиниот четврти албум под Epic Records, насловен Stay in Love (1977), уште еднаш соработувала со Стиви Вондер за фанки-диско-мелодијата „Stick Together“.

Во 1978 година, Рипертон потпишала за Capitol Records за Рипертон и нејзиниот каталог на CBS Records. Во април 1979 година, Рипертон го издала нејзиниот петти и последен албум, Minnie.

За време на снимањето на нејзиниот последен албум, Мини, ракот напредувал до тој степен што имала големи болки.[8] Екстремниот лимфедем ја имобилизирал нејзината десна рака на почетокот од 1979 година.

Рипертон починала на 12 јули 1979 година и била погребана на гробиштата во Меморијалниот парк Вествуд Вилиџ во Лос Анџелес. Нејзин епитаф е првиот стих од нејзината најпозната песна: „Lovin' you is easy 'cause you're beautiful“ (на македонски: „Тебе е лесно да те сака некој зошто си убава“). Стиви Вондер ѝ оддал почит на Рипертон за време на една епизода од ТВ-емисијата Soul Train, која се емитувала во септември 1979 година.

Наводи

уреди
  1. Patricia Romanowski, Holly George-Warren (September 2001). The Rolling Stone Encyclopedia Of Rock & Roll (Paperback. изд.). Fireside Books. стр. 825. ISBN 0-7432-0120-5.
  2. Ankeny, Jason. „Minnie Riperton - Biography“. allmusic.com. The RhythmOne Group. Посетено на April 21, 2018.
  3. Jones, Jackie. „20 People Who Changed Black Music: Operatic Angel Minnie Riperton, the Voice of Perfection“. Miami Herald. Посетено на April 21, 2018.
  4. „California Death Index, 1940-1997 [database on-line]“. The Generations Network. 2000. Посетено на October 6, 2009.
  5. Chick, Stevie (June 29, 2016). „Minnie Riperton – 10 of the best“. Guardian.com. Посетено на December 12, 2017.
  6. McCollum, Leticia Y. (2001). Women Building Chicago 1790-1990: a Biographical Dictionary. Bloomington: Indiana University Press. стр. 751[https. ISBN 0253338522.
  7. Chilton, Martin (November 8, 2022). „Who Was Andrea Davis? Revealing Minnie Riperton's Secret History“. Yahoo!entertainment. Архивирано од изворникот на 2022-11-22. Посетено на November 11, 2022.
  8. 8,0 8,1 Unsung: The Minnie Riperton Story.

Надворешни врски

уреди
  • Minnie Riperton at AllMusic