Минатата година во Мариенбад (филм)
Минатата година во Мариенбад (француски: L'Année dernière à Marienbad) - француско-италијански филм од 1961 година, во режија на Ален Рене. Главните улоги ги толкуваат: Делфине Сејриж, Џорџо Албертаци и Саша Питоеф. Филмот се одликува со необична структура во која времето и просторот не се цврсто одредени, ликовите немаат имиња и филмот нема јасен крај. Во 1961 година, филмот ја освоил наградата „Златен лав“ на Филмскиот фестивал во Венеција, а во 1963 година бил номиниран за наградата „Оскар“ во категоријата за најдобро оригинално сценарио, како и за наградата „БАФТА“ во категоријата за најдобар филм.[1]
Синопсис
уредиДејството на филмот се случува во луксузен хотел во барокен стил. Еден маж (го игра Албертаци) ѝ приоѓа на убава жена (ја игра Сејриж), кажувајќи ѝ дека минатата година биле заедно во Мариенбад. Жената одговара дека не се сеќава на тоа, а потоа, мажот упорно ја потсетува, раскажувајќи разни сцени од нивниот заеднички престој. Во меѓувреме, нејзиниот маж (го игра Питоеф) му предлага да играат една игра во која тој постојано победува. Еднаш, во хотелската соба влегува нејзиниот споруг и ја убива со револвер. Но, подоцна, во друга сцена, гостите од хотелот одат во салата за да гледаат театарска претстава, а жената се повлекува во својата соба, под изговор дека не се чувствува добро. Меѓутоа, таа останува во хотелското лоби, чекајќи го човекот со кого се сретнала минатата година во Мариенбад и тие заедно излегуваат од хотелот.[2]