Милутин Средојевиќ

Милутин Средојевиќ (роден на 1 септември 1969 година), бил едноставно познат како Мичо. Тој е српски фудбалски тренер кој моментално работи како главен стратег во фудбалската репрезентација на Уганда.[1] На таа позиција бил назначен на 27 јули 2021 година кога потпишал договор со важност од три години.[2]

Играчка кариера

уреди

Средојевиќ во минатото настапувал за екипите на Свобода од Љубљана, Синѓелиќ од Белград, Графичар од Белград, ФК Зорка од Суботица и ФК Пионир од Суботица. Додека настапувал во екипите тој најчесто играл на позицијата како одбранбен играч за врска, но поради честата повреда во пределот на коленото, тој одлучил да остане близок на фудбалската игра, но на позицијата како фудбалски тренер.[3]

Тренерска кариера

уреди

Вила СЦ

уреди

Мичо додека сѐ уште бил во раните 30-ти години од својот живот, тргнал на својата африканска авантура. Таа започнала во Кампала за клубот Вила СЦ. Тренерската позиција ја добил кога именуваниот клуб бил на една европска натпреварувачка турнеја. Во сето тоа доста му помогнал легендарниот новинар Џон Кевин Алиро кој во тоа време работел во Радио Франс Интернационал.[3] Екипата на Вила СЦ, Мичо ја водел до 3 последователни титули во лигата (2001–2002, 2002–2003 и 2003–2004). Сезоната 2001/2 засекогаш ќе останела запишана во историските книги на фудбалот на Уганда, бидејќи екипата на Вила ја освоила титулата во лигата, со само еден единствен пораз на 28 натпревари. Покрај тој легендарен успех екипата на Вила успеала и да го освои Купот на државата наречен Какунгулу. Составот на Вила СЦ, наредната сезона била победник на лигата, но и победник на ЦЕКАФА натпреварувањето. Ова натпреварување, кое е еквивалент на афикански шампион, го освоиле по цели 17 години.[4]

Сент Џорџ СА

уреди

Мичо на 19 јули 2004 година потпишал тригодишен договор со екипата на Сент Џорџ, и го заменил поранешниот тренер кој бил со холандско потекло.[5] На составот на Сент Џорџ му се приклучил во 2004 година и таа екипа ја водел во сезоните 2004/2005, 2005/2006 и 2007/2008. Во сезоната 2007/2008 тој заедно со екипата, успеал да постигне резултат од 19 победи, 5 нерешени натпревари и ниту еден пораз. Бил избран за најдобар тренер на сезоната и тоа по трет пат по ред. Истиот успех, но со послаби резултати ги постигнал и во претходните две сезони во 2004/05 и 2005/06.[6]

Орландо Пајратс

уреди

На 14 јуни 2006 година, Средојевиќ бил назначен за нов главен тренер на гигантот од јужноафриканската Премиер фудбалска лига, екипата на Орландо Пајратс, заменувајќи го Коста Папиќ кој си поднел оставка и се приклучил на екипата на Марицбург Јунајтед.[7] Србинот имал релативно добар успех на континенталните клупски натпреварувања во 2006 година, водејќи го јужноафриканскиот гигант Орландо Пајратс до полуфиналето на африканската Лига на шампионите.[8] Тој бил запаметен по тоа што му овозможил на тинејџерот Сензо Мејива за прв пат да настапи за тимот. Сензо прв пат настапил за екипата на Орландо Пајратс на 8 ноември 2006 година против екипата на АмаЗулу во лигашки натпревар на стадионот Елис Парк.[9] Милутин во екипата на Орландо Пајратс останал вкупно 217 дена.[10] На 16 јануари 2007 година, Средојевиќ се разделил со екипата на Орландо Пајратс.[11]

Млади Африканци ФК

уреди

Средојевиќ подоцна во 2007 година се приклучил на екипата на ФК Млади Африканци во 2007 година.[12] Тој ѝ помогнал на екипата да ја освои титулата во лигата.

Сент Џорџ СА

уреди

Тој се вратил во составот на Сент-Џорџ СА во 2007 и таму останал до 2010 година. Екипата на Сент Џорџ на 1 јуни го освоила трофејот Мидрок Етиопија Милениум. Играчот Саладин Саид со неверојатни 21 гол станал најдобар стрелец во сезоната 2007–2008.[13] Во сезоната 2008-2009 екипата ги освоила Премиер лигата на Етиопија, трофејот на националниот куп на Етиопија и Суперкупот на Етиопија. Во сезоната 2009-2010 клубот на Сент Џорџ повторно ја освоил етиопската Премиер лига.[14] Средојевиќ успеал да го однесе составот на Сент Џорџ до финалето на ЦЕКАФА - клубското првенство или таканаречен Кагаме куп 2010. Натпреварот се играл во градот Кигали во Руанда. Во финалето екипата на АПР ФК победила со резултат од 2:0. Напаѓачот на противничкиот тим инаку роден во Малави, Чиукепо Мсооја првиот гол го постигнал во 92 минута од судиското продолжение. Вториот гол го постигнал играчот Виктор Ниренда во 96 минута од натпреварот.[15]

Ал-Хилал Судан

уреди

Средојевиќ во месец јули 2010 година го преземал составот на Ал-Хилал Омдурман.[16] Тимот го водел две сезони и тоа во 2010 и 2011 година, кога и ги освоил двете титули во лигата. Во истата таа сезона, 2010 стигнал до полуфиналето на Купот на конфедерацијата КАФ и до полуфиналето на КАФ Лигата на шампионите во 2011 година. Во таа 2011 година во полуфиналето загубиле од составот на ЦС Свахиен од Тунис по изведување на пенали. Во регуларниот тек натпреварот завршил со резултат од 1:1.[17]

Руанда

уреди

На 1 ноември 2011 година, Средојевиќ бил претставен како нов селектор на репрезентацијата на Руанда.[18] Тој го заменил Ганаецот Селас Тетех, кој ја напуштил функцијата два месеци претходно по поразот со 5:0 од Брегот на Слоновата Коска во квалификациите за Купот на Африканските нации 2012 година. Средојевиќ бил избран за тренер од страна на потесен круг од пет тренери: Стивен Кеши, Ратомир Дујковиќ, Патрис Невеу и Бранко Смиљаниќ.[19] Средојевиќ ја одвел репрезентацијата на Руанда во групната фаза од квалификациите за Светското првенство на ФИФА 2014. Руанда била сместена во Х групата, заедно со составите на Алжир, Мали и Бенин. За да влезе во групната фаза селекцијата на Руанда со резултат од 4:2 ја победила репрезентацијата на Еритреја.[20] Средојевиќ бил отпуштен од тренерската позиција на 17 април, истата година.[21]

Уганда

уреди

Средојевиќ станал тренер на селекцијата на Уганда во месец мај 2013 година. Тој бил избран на таа позиција откако на конкурсот се пријавиле дури 37 кандидати.[22] Назначувањето на тренерската позиција следувала во месец април 2013 година по отпуштањето на шкотланѓанецот Роберт 'Боби' Вилијамсон. Со репрезентацијата на Уганада Средојевиќ потпишал двегодишен договор. За негови помошници биле назначени Сем Тимбе и Кефа Кисала, додека Фред Кајоба ја задржал својата позиција како тренер на голманите.[23] Првата задача на Милутин Средојевиќ како тренер на Уганда бил натпреварот помеѓу Либија и Уганда на Меѓународниот стадион во Триполи. Натпреварот завршил со победа на Либија со резултат од 3:0. Сите голови биле постигнати во првото полувреме.[24] Дури 6 играчи од вкупно 22 на теренот за екипата на Уганда биле дебитанти и тоа: Херман Васва, Ричард Касага, Израел Емуге, Вилијам Лувага Кизито, Алекс Какуба и Али Кимера.[25]

ЧАН 2014 година

уреди

Во месец јануари 2014 година, тренерот Средојевиќ[26] поканил 23 играчи за да ја претставуваат фудбалската репрезентација на Уганда за првенството на Африканските нации во 2014 година.[27][28] Тимот се пласирал на третото место во групната фаза на натпреварувањето откако победиле против селекцијата на Буркина Фасо. Одиграле нерешено со селекцијата на Зимбабве, а загубила од составот на Мароко.[29][30] Репрезентацијата на Уганда завршила на третото место во групата Е со вкупно седум бодови во квалификациите за АФРИКОН 2015 година, каде прва на табелата во групата завршила репрезентацијата на Того, втора селекцијата на Гана, а на последното место составот на Гвинеја.[31]

2015 година

уреди

На 1 април 2015 година, претседателот на ФУФА (фудбалската федерација на Уганда), Мозес Магого, му го продолжил договорот на Мичо за нови три години. Договорот му бил продолжен, откако имал забележителен резултат со успешност од 60 проценти на натпреварите на кои го водел тимот. Средојевиќ во периодот од 2013 до 2015 година ја предводел селекцијата на Уганда на 35 натпревари забележувајќи 18 победи, 5 нерешени резултати и 12 порази од 2013 до 2015.[32][33] На 26 октомври 2015 година, Мичо ја квалификувал репрезентацијата на Уганда до Првенството Чан 2016 во Руанда, откако го победиле домаќинот Судан со резултат од 2:0. Головите на националниот стадион во Картум, биле постигнати од страна на Цезар Охути и Фарук Мија. Вкупниот резултат на двата натпревари бил 4:0 за екипата на Уганда.[34] Тоа бил трет финален натпревар на турнирите на ЧАН. Претходно тоа било случај на турнирот одржан во Судан 2011 година и турнирот одржан во Јужна Африка во 2014 година.[35] Во натпреварите од ЦЕКАФА 2015, репрезентацијата на Уганда била на врвот на групата Б, откако победиле во натпреварите против селекциите на Бурунди и Занзибар. Во четвртфиналето ја победиле репрезентацијата на Малави. Во полуфиналето, избраниците на Мичо ја победиле репрезентацијата на домаќинот, Етиопија, со резултат од 5:3 по изведување на пенали. Натпреварот во регуларниот тек и по 30 минути продолженија завршил нерешено и без голови.[36] Својата прва титула, Средојевиќ ја освоил во 2015 година на Цекафа турнирот со екипата на Уганда, откако во финалето ја победил селекцијата на Руанда со резултат од 1:0. Голот го постигнал играчот Цезар Охути во 15 минута.[37] Под водство на тренерот Средојевиќ, популарните Кранови убедливо ја победиле селекцијата на Того за да напредуваат во групната фаза од квалификациите за Светското првенство 2018 година. Вкупната победа над селекцијата на Того била со резултат од 4:0 над селекцијата на Того. Поединечните резултати биле победа од 0:1 на гостински терен на стадионот Стад де Кег и 3:0 на домашен терен на националниот стадион Мандела. Тој резултат бил доволен за да се напредува во наредната фаза од натпреварувањето.[38]

2016 година

уреди

На турнирот Чан 2016, репрезентацијата на Уганда завршила на третата позиција во групата Д, каде што селекцијата на Замбија ја предводела групата, а на третото место биле селекциите на Мали и Зимбабве.[39] На 4 септември 2016 година, Средојевиќ го предводел тимот на Уганда до квалификациите за Африканскиот куп на нации и тоа за прв пат по цели 38 години.[40] Популарните „Кранови“ го завршиле квалификацискиот циклус како второпласирани во групата Д, веднаш зад западноафриканската екипа на Буркина Фасо на која ѝ била потребна победа над екипата на Боцвана. Со вкупно 13 освоени бодови репрезентацијата на Уганда завршила како една од двете најдобро второпласирани во групите. Поради таквиот пласман успеала да се квлификува во наредната фаза.[41] Извлекувањето на Купот на нации на Африка ги сместил селекциите на Египет, Мали и Гана во истата Д група, заедно со репрезентацијата на Уганда.[42] На 7 јануари 2016 година селекцијата на Уганда ја постигнала најдобрата позиција, во историјата на постоењето, на ранг-листата на ФИФА. Тоа било 62 место од вкупно 209 рангирани асоцијации (земји) членки на ФИФА.[43] Мичо ја водел репрезентацијата на Уганда по пост од 38 години за да се квалификува на најголемото афиканско континентално натпреварување - Африканскиот куп на нации. Играчот Фарук Мија во 35 минута од натпреварот постигнал гол за резултат од 1:0 против островската нација, селекцијата на Коморите (Коморски Острови).[44] Средојевиќ ја земал заслугата за развојот на репрезентативниот голман Денис Онјанго, кој бил прогласен за најдобар африкански играч кој потекнува од африканскиот континет за 2016 година. Голманот имал одлични настапи за селекцијата на Уганда кој ја водел и тренирал Средојевиќ.[45] Во месец декември 2016 година, Средојевиќ бил меѓу номинираните за престижната награда ЦАФ односно тренер на годината. Подвизите со селекцијата на[46] Уганда во 2016 година му ја донело на Средојевиќ таквата номинација. Репрезентацијата на Уганда била избрана за најдобра африканска селекција во таа 2016 година. Изборот бил спроведен од ЦАФ (африкански еквивалент на УЕФА).[47] Средојевиќ имал освоено и дополнителни 14 лигашки титули во пет различни големи клубови на тлото на африканскиот континент.[48]

2017 година

уреди

Во месец февруари 2017 година, во последните денови од зимскиот преоден период, тренерот Средојевиќ му препорачал на играчот Калид Аучо да премине во екипата на Црвена ѕвезда од Белград.[49]

На 29 јули 2017 година, за време на прес-конференција, одржана во Пајн Хал во преполнета сала, на Кабира Кантри клубот во Кампала, Средојевиќ го потврдил раскинувањето на договорот со управното тело на фудбалскиот сојуз на Уганда. Тој раскин се случил на 28 јули 2017 година во 20 часот, а главната причина била неисплата на плати за неколку месеци.[50]

Орландо Пајратс

уреди

На 3 август 2017 година, клубот на ФК Орландо Пајратс официјално го објавил враќањето на тренерот Средојевиќ во фудбалскиот клуб од Јужна Африка по неговото заминување од составот на Уганда. Средојевиќ го заменил тренерот Кјел Јоневрет кој поднел оставка на 2 август 2017 година.[51] Првиот натпревар на Мичо како тренер на Орландо Пајратс бил против екипата на Чипас Јунајтед. Орландо Пајратс го добил натпреварот со резултат од 1:0, а голот го постигнал играчот Тамсанка Габуза.[52] Средојевиќ на тој натпревар настапил со следните играчи: Вејн Сандилендс како голман, Гладвин Шитоло, Нцикелело Нјауза, Табо Матлаба, Инокент Маела, Абубејкер Мобара, Тамсанка Сангвени, Мфо Макола (Иса Сар во 84'), Табо Калинге, Муса Нјатама (Лувујо Мемела во 62'), Тамсанка Габуза (Тендаи Ндоро во 77'). За време на неговата прва сезона во Премиер лигата на АБСА (прва лига на Јужна Африка), Мичо го предводел тимот на Орландо Пајратс до второто место на табелата на АБСА Премиершипот. Со тој резултат тимот се квалификувал за Лигата на шампионите на ЦАФ (Лигата на шампионите на африканскиот континет).[53] Додека бил во екипата на Орландо Пајратс, тој зад себе, седејќи на клупата имал 80 одиграни натпревари во сите натпреварувања, од кои 38 победи, 26 нерешени натпревари и само 16 порази. На 16 август 2019 година Средојевиќ се пензионирал како тренер на екипата на Орландо Пајратс. Подоцна било откриено дека сепак Мичо поднел оставка во клубот и ја напуштил земјата бидејќи бил обвинет за силување.[54]

Замалек

уреди

На 17 август 2019 година, било објавено дека Средојевиќ ќе му се приклучи на составот на Замалек СЦ и тоа како нов тренер. Со овој клуб потпишал едногодишен договор.[55] Неговиот вујко Душан Ненковиќ исто така бил тренер на Замалек СЦ и тоа во периодот од 1985 до 1986 година.[56]

На 2 декември 2019 година, екипата на Замалек објавила дека Милутин Средојевиќ е отпуштен од клубот на само четири месеци од неговиот потпис.[57]

Замбија

уреди

На 3 февруари 2020 година, Милутин Средојевиќ бил претставен како селектор на репрезентацијата на Замбија,[58] каде потпишал двегодишен договор.[59]

На 17 јули 2021 година, Фудбалската асоцијација на Замбија објавила дека Средојевиќ ја напуштил позицијата на прв тренер на репрезентацијата со заедничка согласност од двете страни.[60]

Уганда

уреди

На 27 јули 2021 година, тој бил најавен за нов главен тренер на репрезентацијата на Уганда. Договорот кој бил потпишан бил за период од три години.[2]

Тренерска статистика

уреди
Обновено на крајот од завршувањето на натпреварот на 29 Јули 2017
Менаџерско досие по тим и период
Тим Период

од

Период

до

Натпревари Победи Нерешени

натпревари

Порази Победи во %
Сент Џорџ 1 јули

2004

13 јуни

2006

3 2 1 0 66.7
Орландо

Пајратс

14 јуни

2006

16 јануари 2007 22 5 8 9 22.7
Сент Џорџ 1 јануари

2008

26 јуни 2010 2 0 1 1 0.0
Ал-Хилал 27 јуни

2010

3 октомври 2011 13 12 0 1 92.3
Руанда 1 ноември

2011

17 април 2013 23 8 7 8 34.8
Уганда 20 мај

2013

29 јули

2017

68 32 16 20 47.1
Вкупно 131 59 33 39 45.0

Други информации

уреди

Средојевиќ студирал историја и географија. Тој бил внук на херојот од Првата светска војна Мулитин. Прокупље било местото каде што е роден Милутин Средојевиќ. Инаку тоа место во минатото било старо византиско село.[61] Милитин Средојевиќ бил братучед на тренерот Александар Јанковиќ.[62]

Модели на тренери на кои се восхитувал

уреди

Средојевиќ имал огромна почит за легендарните тренери како што биле на пример: Миљан Миљаниќ (тренер на репрезентацијата на поранешна Југославија и на екипата на Реал Мадрид) и Томислав Ивиќ, кој се сметал за татко на зонскиот пресинг во модерниот фудбал.[3] Милутин Средојевиќ бил голем обожавател на покојниот играч и тренер Јохан Кројф, кој го сметал за „татко на модерното тренерство“.[63]

Тренерски признанија

уреди

Вила СЦ

уреди
  • Освоена е Уганда Премиер лигата:
2002, 2003, 2004 година
  • Освоен е Купот на Уганда: 1
2002 година
  • Освоен е ЦЕКАФА клубски куп: 1
2003 година

Сент Џорџ СА

уреди
  • Освоена е Премиер лигата на Етиопија: 5
2005, 2006, 2008, 2009, 2010 година,
  • Освоен е Суперкупот на Етиопија: 2
2005, 2009 година

Ал-Хилал Омдурман

уреди
  • Освоена е Суданската Премиер лига: 1
2010 година
  • Освоен е Купот на Судан: 1
2011 година

Руанда

уреди
  • Купот на ЦЕКАФА
    • Второпласирани (1): 2011 година

Уганда

уреди
  • Победници во ЦЕКАФА куп: 1
2015 година

Замалек СЦ

уреди
  • Освоен е Купот на Египет: 2018–2019 година

Индивидуални признанија

уреди

Вила СЦ

уреди
  • Прогласен е за најдобар тренер на годината во Суперлигата на Уганда: 3
2002, 2003, 2004 година

Сент Џорџ СА

уреди
  • Прогласен е за тренер на годината на Етиопска Премиер лига: 5
2004/2005, 2005/2006, 2007/2008, 2008/2009, 2009/2010[6]

Ал-Хилал

уреди
  • Прогласен е за тренер на годината во Суданската Премиер лига: 1
2010/2011 година
2011 година – Полуфинале
  • Куп на победници на Африкански купови \ Куп на конфедерација ЦАФ:
2010 година – Полуфинале

Орландо Пајратс

уреди
  • Награда за месецот Absa Premiership за јануари 2018 година[64]

Наводи

уреди
  1. Isabirye, David (23 January 2020). „Former Uganda Cranes tactician Micho named head coach of Zambia Chipolopolo Stars“. Kawowo Sports.
  2. 2,0 2,1 „Micho returns as Cranes coach“. 27 July 2021.
  3. 3,0 3,1 3,2 App, Daily Monitor. „Grandson of World War hero leads Uganda out of four-decade“ (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-10. Посетено на 10 July 2018.
  4. „Micho: Meet the Serbian linguist in love with African Football“. Kawowo Sports (англиски). 27 July 2013. Посетено на 10 July 2018.
  5. Muwonge, William (13 August 2004). „Ethiopia/Uganda: St. George Glorifies Micho“. New Vision (Kampala). Посетено на 10 July 2018.
  6. 6,0 6,1 www.realnet.co.uk. 'Micho' wins third Ethiopian title“. Kick Off (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-10. Посетено на 10 July 2018.
  7. Ndawula, Benedict Nyombi & Innocent (13 June 2006). „Uganda: Micho Named As New Orlando Pirates Coach“. The Monitor (Kampala). Посетено на 10 July 2018.
  8. „Serbian 'Micho' appointed Uganda Cranes coach | Goal.com“. www.goal.com (англиски). Посетено на 10 July 2018.
  9. www.realnet.co.uk. „Micho speaks on '5 star' Orlando Pirates captain Meyiwa“. Kick Off (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-10. Посетено на 10 July 2018.
  10. „Pirates' Five Shortest Coaching Reigns“. www.soccerladuma.co.za (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-10. Посетено на 10 July 2018.
  11. „Pirates, Sredojevic part ways“. News24 (англиски). Посетено на 10 July 2018.
  12. „Mike Mutebi backs Micho for success“. Kawowo Sports (англиски). 22 May 2013. Посетено на 10 July 2018.
  13. „St. George football team - Addis Ababa“. www.ezega.com. Посетено на 10 July 2018.
  14. „Kipa Ivo Mapunda, Kocha Micho, wang'ara Ligi ya Ethiopia“. JamiiForums | The Home of Great Thinkers (англиски). Посетено на 10 July 2018.
  15. „APR wins Kagame Cup“. The New Times | Rwanda (англиски). 30 May 2010. Посетено на 10 July 2018.
  16. www.realnet.co.uk. „Former Orlando Pirates coach Milutin Sredojevic wins Sudan title“. Kick Off (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-10. Посетено на 10 July 2018.
  17. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2 October 2017. Посетено на 11 July 2017.
  18. „MilutinSredojevic appointed Rwanda coach“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. 1 November 2011. Посетено на 26 November 2011.
  19. www.realnet.co.uk. „Micho Sredojevic beats Stephen Keshi to Rwanda job“. Kick Off (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-07-10. Посетено на 10 July 2018.
  20. „Архивиран примерок“. Архивирано од изворникот на 2 October 2017. Посетено на 11 July 2017.
  21. Andrew Jackson Oryada (17 April 2013). „Rwanda part company with coach Milutin 'Micho' Sredojevic“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 18 April 2013.
  22. Andrew Jackson Oryada (21 May 2013). „Uganda appoint Milutin 'Micho' Sredojevic as new coach“. BBC Sport. British Broadcasting Corporation. Посетено на 22 May 2013.
  23. Oryada, Andrew Jackson. „Micho Unveiled As Cranes Coach“. Uganda Radio Network (англиски). Посетено на 10 July 2018.
  24. „Libya Sees Off Uganda in Micho's Maiden Match“. Kawowo Sports (англиски). 1 June 2013. Посетено на 10 July 2018.
  25. „Cranes braced for Libya clash in Micho's first game“. Kawowo Sports (англиски). 31 May 2013. Посетено на 10 July 2018.
  26. „Ghana missed Andre Ayew and Kwadwo Asamoah in Uganda draw - Micho“. mobile.ghanaweb.com. 8 October 2016. Посетено на 10 July 2018.
  27. „Uganda Cranes Regroup For CHAN 2014 Preparations“. kawowo.com. Архивирано од изворникот на 11 February 2014. Посетено на 11 February 2014.
  28. „Uganda makes changes in squad for 2014 Africa Nations Championship“. xinhuanet.com. Посетено на 11 February 2014.
  29. „Uganda's impressive CHAN start“. espnfc.com. Посетено на 11 February 2014.
  30. „Zimbabwe vs Uganda Preview“. goal.com/. Посетено на 11 February 2014.
  31. „Togo Coach Tchakala praises Micho - FUFA Super League 2014/15 - Uganda“. Архивирано од изворникот на 15 December 2014.
  32. „UGANDA CRANES: FUFA Commits Coach Milutin Sredojević Till 2018 - FUFA: Federation of Uganda Football Associations“. FUFA: Federation of Uganda Football Associations (англиски). 1 April 2015. Посетено на 10 July 2018.
  33. „UGANDA CRANES: FUFA Commits Coach Milutin Sredojević Till 2018 - FUFA: Federation of Uganda Football Associations“. FUFA: Federation of Uganda Football Associations (англиски). 1 April 2015. Посетено на 10 July 2018.
  34. „Uganda qualifies for 2016 CHAN Championship - Xinhua | English.news.cn“. news.xinhuanet.com. Посетено на 10 July 2018.
  35. „Uganda Cranes bow out of CHAN finals after 1-1 draw - Matooke Republic“. Matooke Republic (англиски). 27 January 2016. Посетено на 10 July 2018.
  36. „Micho dedicates CECAFA victory to Mulindwa & Magogo“. Kawowo Sports (англиски). 5 December 2015. Посетено на 10 July 2018.
  37. „Uganda wins record Cecafa title“. supersport.com. Архивирано од изворникот на 2022-02-15. Посетено на 2022-02-15.
  38. „World Cup 2018: Uganda advances to group stages“. www.newvision.co.ug. Посетено на 10 July 2018.
  39. „Micho satisfied with Cranes' CHAN 2016 performance“. Kawowo Sports (англиски). 28 January 2016. Посетено на 10 July 2018.
  40. Burkina Faso vs Uganda, Who is who in the cranes squad at kawowo.com, 24 February 2016
  41. „FINALLY: Uganda qualifies for AFCON 2017“. www.newvision.co.ug. Посетено на 10 July 2018.
  42. „Uganda/Ghana: Uganda Draws Ghana, Egypt Again in Afcon Finals“. The Independent (Kampala). 20 October 2016. Посетено на 10 July 2018.
  43. „FIFA Rankings: Uganda now 62nd, the best ever ranking - FUFA: Federation of Uganda Football Associations“. FUFA: Federation of Uganda Football Associations (англиски). 7 January 2016. Посетено на 10 July 2018.
  44. „Afcon 2017: Uganda clinch finals spot for first time since 1978“. BBC Sport (англиски). 4 September 2016. Посетено на 10 July 2018.
  45. App, Daily Nation. „Micho, the 'soldier and servant of African football' (англиски). Посетено на 10 July 2018.
  46. „Micho nominated for top Caf Award“. SuperSport. Посетено на 18 August 2019.
  47. Football, CAF - Confederation of African. „AWARDS WINNERS“. www.cafonline.com (англиски). Посетено на 10 July 2018.
  48. „Micho's greatest achievement: Leading Uganda to first AFCON in 38 years - 2017 Africa Cup of Nations Qualifiers - Malawi“. African Football. Посетено на 10 July 2018.
  49. „Zvezda dovela reprezentativca Ugande i odmah ga poslala na pozajmicu (VIDEO)“. Sportskižurnal (српски). 20 February 2017.
  50. „Micho terminates contract with FUFA as Uganda Cranes head coach“. Kawowo Sports (англиски). 29 July 2017. Посетено на 10 July 2018.
  51. „Milutin 'Micho' Sredojević confirmed as new Orlando Pirates coach“ (англиски). Посетено на 10 July 2018.
  52. www.realnet.co.uk. „PSL Absa Premiership match report Orlando Pirates vs Chippa United“. Kick Off (англиски). Архивирано од изворникот на 2018-10-19. Посетено на 10 July 2018.
  53. „Legend Lauds Micho“. Soccer Laduma. 3 May 2018. Архивирано од изворникот на 2022-02-15. Посетено на 2022-02-15.
  54. „Shocking: Ex- Cranes Coach Micho resigned from Orlando Pirates after trying to 'rape' a hotel cleaner“. 18 August 2019.
  55. „Zamalek appoint Milutin 'Micho' Sredojevic as new manager“. kingfut.com. 17 August 2019.
  56. „Milutin 'Micho' Sredojevic swaps Orlando Pirates for Zamalek“. BBC Sport. 19 August 2019.
  57. „Micho sacked by Zamalek – reports“. citizen.co.za. Посетено на 2 December 2019.
  58. „Milutin 'Micho' Sredojevic Micho takes over as Zambia coach“. BBC. 3 February 2020.
  59. „Micho Sredojevic spells out Zambia ambition after being appointed coach“. COSAFA. 5 February 2020.
  60. „FAZ, Micho Part Ways“. Football Association of Zambia. 17 July 2021. Архивирано од изворникот на 2022-02-15. Посетено на 19 July 2021.
  61. „MILUTIN "MICHO" SREDOJEVIĆ, GLOBETROTTER HEAD COACH - MondoFutbol“. www.mondofutbol.com (италијански). Архивирано од изворникот на 2022-02-15. Посетено на 10 July 2018.
  62. „Micho's cousin takes over head coach role at Standard Liege“. Kawowo Sports (англиски). 8 September 2016. Посетено на 10 July 2018.
  63. „Micho sympathises with 'coaching inspiration' Cruyff after cancer diagnosis“. Kawowo Sports (англиски). 22 October 2015. Посетено на 10 July 2018.
  64. „Pirates gaffer Micho named Coach of the Month | Goal.com“ (англиски). Посетено на 10 July 2018.

Надворешни врски

уреди