Милоје Видаковиќ
Милоје Видаковиќ (28 јануари 1898 Белград - 1974 Белград) — физиолог, балнеолог, професор на Медицински факултет во Скопје и прв директор на Институтот за физиологија.[1]
Милоје Видаковиќ | ||
Роден | 28 јануари 1898 Белград, Србија | |
---|---|---|
Починал | 1974 Белград, Србија | |
Занимање | универзитетски професор, гинеколог |
Животопис
уредиМилоје Видаковиќ е роден во Белград. Се школувал во Белград и Франција. За време на неговиот престој во Франција работел со најпознатите француски физиолози од тоа време, во Институтот за физиологија во Париз и Нанси. Се занимавал и со испитување на лековитоста на бањите во Франција, а бил и претседател на Меѓународната организација на балнеолозите.[1] Во втората половина од 1940 година, под раководство на Милоје Видаковиќ во Белград бил форимиран Институт за медицинска хидрологија и климатологија при Медицинскиот факултет во Белград.
Во 1947 година, Видаковиќ дошол како редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, а извршувал и други задачи. Тој бил првиот директор на Институтот за физиологија , кој од 1949 година се преименувал во Институт за патолошка физиологија. До неговото пензионирање во 1957 година, тој изведувал настава по предметите: „Физиологија“ и „Патолошка физиологија“, како и по предметот „Фармакологија“ во отсуство на професор по овој предмет. Во периодот од 1952-1953 година бил декан на Медицинскиот факултет во Скопје. Милоје Видаковиќ бил првиот кој организирал испитување на лековитоста на бањите во Македонија.[1]
По пензионирањето, продолжил да работи во Врњачка Бања. Починал во 1974 година во Белград.[1]