Милош Димитријевиќ
Милош Димитријевиќ (роден на 16 февруари 1984 година во Белград) е српски фудбалер кој последен пат играл како централен играч за врска за екипата на Сиднеј ФК во Австралиската А-лига. Покрај тоа што има српско државјанство, тој има и француско државјанство.
Клупска кариера
уредиМилош Димитриејевиќ е роден во Белград. Се преселил во Франција на 7-годишна возраст, со својот татко, кој бил познатиот фудбалер, легендата на екипите на Партизан и Динамо Загреб, Зоран „Чава“ Димитријевиќ. Набрзо Милош, во 1998 година се приклучил во младинскиот состав на клубот Нант. Тој станал професионалец во 2004 година. По Нант, играл и за тимот на Гренобл, пред да се врати во својата татковина. Во Србија настапувал за клубот на Рад, каде што се етаблирал како еден од најдобрите централни играчи од средниот ред во лигата. Тој во 2011 година за време на зимскиот преоден рок бил заминат како позајмен играч во италијанскит фудбал за тимот на Киево, но успеал да одигра само два натпревари. По оваа неуспешна меѓународна епизода, се вратил во Србија за да стане нов играч на екипата на Црвена ѕвезда од Белград. Тој го добил дресот со број 7 и потпишал договор на 10 јуни 2011 година. Во април 2013 година, Милош станал слободен играч откако успеал да го прекине долгогодишниот договор, поради финансиските проблеми на клубот од Белград.
Сиднеј ФК
уредиНа 16 јануари 2014 година било потврдено дека Димитријевиќ потпишал договор со клубот на Сиднеј ФК од А-лигата во Австралија.[1] Својот прв гол за клубот го постигнал на 24 октомври 2014 година во натпреварот против екипата на Бризбејн Роар кој завршил со резултат од 2:0. Милош го постигнал вториот гол на тој натпревар.[2]
Во таа година Димитријевиќ ги освоил сите награди на годината и станал првиот играч кој успеал да ги обедини сите три награди во една сезона.
Милош на 3 јуни 2015 година бил ослободен од обврските од клубот на Сиднеј ФК.[3]
На 28 јули 2015 година било објавено дека Милош Димитрејивиќ повторно потпишал со клубот на Сиднеј ФК за времетраење од нови две сезони.
На 2 март 2016 година, Димитријевиќ постигнал победнички гол во 89. минута против екипата на Гуангжу Евергранде во Азиската Лига на шампиони.
На 19 октомври 2016 година, Димитријевиќ постигнал гол од слободен удар во победата на екипата на Сиднеј ФК од 3:0 на гостински терен против составот на Канбера Олимпик на стадионот Викинг Парк во ФФА Купот.[4]
На 30 јуни 2017 година, Димитријевиќ бил ослободен од обврските во екипата на Сиднеј ФК за да може да биде посветен на своето семејство.
Меѓународна кариера
уредиДодека играл во Франција, Димитриејевиќ бил дел од репрезентацијата на Франција до 18 години. Потоа решил да игра за репрезентацијата на Србија наместо за Франција, па еднаш настапил за Србија до 21 година, па дури подоцна во ноември 2010 година бил повикан да игра за сениорскиот тим на Србија. Но, поради повредата бил принуден да го пропушти натпреварот против репрезентацијата на Бугарија.
Статистика во кариерата
уреди- Обновено на 3 Март 2016
Клупски настапи | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Сезона | Клуб | Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови |
Франција | Лигашки натпревари | Француски куп | Европски | Вкупно | ||||||
2004–05 | Нант | Лига 1 | 11 | 0 | 4 | 0 | 0 | 0 | 15 | 0 |
2005–06 | 24 | 1 | 2 | 1 | 0 | 0 | 26 | 2 | ||
2006–07 | 16 | 0 | 3 | 0 | 0 | 0 | 19 | 0 | ||
2007–08 | Гренобл | Лига 2 | 19 | 0 | 1 | 0 | 0 | 0 | 20 | 0 |
2008–09 | Лига 1 | 19 | 0 | 5 | 1 | 0 | 0 | 24 | 1 | |
Србија | Лигашки натпревари | Српски куп | Европски | Вкупно | ||||||
2009–10 | Рад | Суперлига | 10 | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 10 | 2 |
2010–11 | 14 | 5 | 0 | 0 | 0 | 0 | 14 | 5 | ||
Италија | Лигашки натпревари | Куп на Италија | Европски | Вкупно | ||||||
2010–11 | Киево (како позајмен играч) | Серија А | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 |
Србија | Лигашки натпревари | Српски куп | Европски | Вкупно | ||||||
2011–12 | Црвена ѕвезда | Суперлига | 25 | 1 | 5 | 0 | 4 | 0 | 34 | 1 |
2012–13 | 12 | 1 | 3 | 1 | 6 | 1 | 21 | 3 | ||
Австралија | Лигашки натпревари | ФИФА Куп | Азиски | Вкупно | ||||||
2013–14 | Сиднеј ФК | А лига | 9 | 0 | - | - | - | - | 9 | 0 |
2014–15 | 28 | 2 | 1 | 0 | 0 | 0 | 28 | 2 | ||
2015–16 | 25 | 0 | 0 | 0 | 2 | 1 | 27 | 1 | ||
Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Вкупно | |||||||
Вкупно | Франција | 89 | 1 | 15 | 2 | 0 | 0 | 104 | 3 | |
Србија | 61 | 9 | 8 | 1 | 10 | 1 | 79 | 11 | ||
Италија | 2 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 2 | 0 | ||
Австралија | 62 | 2 | 1 | 0 | 2 | 0 | 65 | 3 | ||
Вкупно во кариерата | 209 | 12 | 24 | 3 | 12 | 2 | 250 | 17 |
Признанија
уредиКлуб
уреди- Црвена ѕвезда
- Освоен е Купот на Србија (1): 2011–12
- Сиднеј ФК
- Освоена е Премиер лигата А-лига: 2016-2017 година
- Победници во Првенството во А-лига: 2016–2017
Индивидуални признанија
уреди- Сиднеј ФК[5]
- Клупски играч на годината: 2014–15
- Играч на годината во лигата: 2014–15
- Член- играч на тимот на годината: 2014–15
- Најдобар тим на сезоната во А-лига ПФА: 2014–15
Интересен факт
уредиКако сличност со неговиот татко, Милош често го нарекувале Мали Чава.
Наводи
уреди- ↑ „Sydney FC Sign Milos Dimitrijevic“. Football Australia. Архивирано од изворникот на 19 February 2014. Посетено на 16 January 2014.
- ↑ Colasimone, Dan (24 October 2014). „Result: Brisbane Roar 0 Sydney FC 2“. Hyundai A-League. Посетено на 29 May 2018.
- ↑ Hassett, Sebastian (3 June 2015). „All change at Sydney FC as Graham Arnold dumps key players and lose Bernie Ibini“. Посетено на 4 June 2015.
- ↑ „Canberra Olympic vs Sydney FC, FFA Cup, Semi-Finals, 19th Oct 2016“. 31 July 2017. Архивирано од изворникот на 2017-04-19. Посетено на 2022-01-23.
- ↑ Bossi, Dominic (28 April 2015). „Milos Dimitrijevic's season recognised as best-ever at Sydney FC“. The Sydney Morning Herald. Посетено на 18 May 2015.
Надворешни врски
уреди- Милош Димитријевиќ на lfp.fr
- Милош Димитријевиќ Статистика на utakmica.rs