Фотографии од пеколот

„Фотографии од пеколот“ — збирка раскази на македонскиот писател Милко Бојковски. Книгата е објавена во 2017 година од издавачкото претпријатие Бегемот во рамките на библиотеката „Наше маало“, а била испечатена во печатницата „Графоден“ во тираж од 500 примероци. Нејзиното издавање било помогнато од Министерството за култура на Македонија.[1] [2]

Фотографии од пеколот
АвторМилко Бојковски
ЗемјаМакедонија Македонија
ЈазикМакедонија македонски
Жанрраскази
ИздавачИздавачка куќа Бегемот
Издадена
2017
Медиумпечатено издание, 185×120
Страници80
ISBN978-608-4718-63-5

Содржина

уреди

Збирката содржи 19 раскази:[3]

  • Оска
  • Кучката
  • Ноќниот пајтон
  • Приказна
  • Готовина
  • Блузер
  • Два гласа
  • Кутија
  • Мртовец во мојот кревет
  • Непристоен предлог
  • Писма
  • Расказ по борбата
  • Самоубиство
  • Спротивно од сонцето
  • Часовничар
  • Шал
  • Долу, долу, долу
  • Мило ми е што се запознавме
  • Автобус

За делото

уреди

Во својот осврт кон збирката „Фотографии од пеколот“, Лидија Капушевска-Дракулевска наведува: ... „делото покажува одредена авторска зрелост и виртуозност на редок талент. Неговата виртуозност се однесува токму на проблемите на младиот човек. Односот со светот, микрокосмосот, слоевитоста на расказите вклучува во себе живот во кој владеат сексот, дрогата, насилството… и од оваа перспектива, прозата на младиот Бојковски е одговор на тој и таквиот свет – а како да се одговори поинаку ако не на ист начин: со соголување на сите пороци, со демаскирање на илузиите, со храбро и отворено соочување со – предизвиците на секојдневието кои го демнат младиот човек. Но, во оваа проза нема очај напротив! Лирскиот субјект е во позиција на сведок на случувањата во и околу него, а на мигови води дијалог, разговор со некој соговорник (саканата, читателот и сл.), како да сака да преиспита некој од презентираните ставови. Особено впечатливи се редовите во кои се опишува внатрешната драма на лирскиот субјект која авторот ја доведува во паралела со суптилноста на блузот. Ретките музички акорди даваат посебен белег на оваа проза. Структурата на расказите е невоедначена, во неа се судираат масовноста со минимализмот. Бојковски негува синкретичен јазик, користи урбана лексика и младешки жаргон. Линиите на писмото се врежани во реалноста и против реалноста. Насловот сам по себе е пресек во времето и се однесува на секојдневието кое го живееме и чувствуваме на своја кожа. Веќе со своето прво писателско остварување, Милко Бојковски ветува дека се работи за млад и надежен писател кој во иднина ќе го развива и уште повеќе ќе го стилизира своето писмо.“[4]

Наводи

уреди
  1. „Фотографии од пеколот “
  2. Милко Бојковски, Фотографии од пеколот. Скопје: Бегемот, 2017, стр. 81.
  3. Милко Бојковски, Фотографии од пеколот. Скопје: Бегемот, 2017.
  4. Лидија Капушевска-Дракулевска, „Фотографии од пеколот од Милко Бојковски“, во: Милко Бојковски, Фотографии од пеколот. Скопје: Бегемот, 2017, стр. 78-80.