Мишко Михајловски

(Пренасочено од Миле Михајловски)

Мишко Ангелев Михајловски - Миле ( 1926 Велес3 април 1944 во Злетово, Пробиштип) — македонски партизан, револуционер, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Мишко Михајловски
Роден 1926 година
Велес, Македонија
Починал 3 април, 1944 година
Злетово, Македонија

Животопис уреди

Со семејството се доселил во Скопје. Завршил основно училиште. Изучил занает и работел како столар. Во 1943 година се поврзал со напредни младинци и се вклучил во скоевската група на столарските работници. Учествувал во собирањето на народна помош за партизаните. Кон крајот на 1943 година се случила провала на столарската група. Затоа, преку Куманово заминал во Козјачкиот партизански одред. Бил учесник во борбите и маршевите на Третата македонска ударна бригада. Храбро загинал во една борба против бугарските фашистички единици, на З април 1944 година,[1] кога бригадата ги ослободувала Злетовските рудници (Добрево и Пробиштип).[2]

Во населбата Кисела Вода во Скопје, една улица е именувана со неговото име.[3]

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Кралевски и други, Боро (1969). Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. стр. 96.
  2. „Победоносниот од на Третата македонска ударна бригада“. Македонска нација.
  3. „Се рехабилитираат улиците „Мишко Михајловски", „Марко Цепенков" и ул. „345" во општина Кисела Водa“.

Надворешни врски уреди