Миленко Атанацковиќ
Миленко Атанацковиќ (01.05.1875 г. - 07.02.1955 г.), е српски сликар и ликовен педагог.
Биографија
уредиМиленко Атанацковиќ е роден во Шид во 1875 година. Во 1878 година заедно со семејството кое биле трговци, се преселил во Бјелина. Основно и трговско училиште завршил во Бјелина, а во Сараево завршил средно техничко училиште. Во 1895 година го продолжил своето образование во подготвителната школа за сликарската академија во Виена, кај познатиот професор по сликарство Шауер. Потоа поминал речиси една година во сликарската работилница на сликарот Паја Јовановиќ, каде се стекнува со солидна основа и образование за студии на Академијата за сликарство во Виена, која ја запишува во 1896 година и дипломира во 1899 година. По завршувањето на академијата, посетува тригодишна специјализација на истата академија, кај неговите професор К. Грипенкерл. Таа академија за сликарство во Виена (германски: Allgemeine Maller Schule) во тоа време била позната во Европа и недостижен сон на многу млади уметници.
Не сметајќи ги годините на школување во Сараево, студирањето во Виена и петте години што ги поминал со службата како професор во гимназијата во Пљеваљ, цело време живеел во Бјелина. Таму во периодот од 1920 година до 1947 година и работел (до пензионирање), во Гимназијата „Филип Вишњиќ“ како како професор по сликарство и цртање.[1] Во неговиот плоден живот оставил дела од исклучителна вредност, особено во областа на портретот.
Најголем дел од делата на Миленко Атанацковиќ се чуваат во Уметничката галерија на Босна и Херцеговина во Сараево, музејот Семберија и галеријата Миленко Атанацковиќ во Бјелина.
Се претпоставува дека негови дела денес се наоѓаат во разни галерии, музеи и приватни збирки на сопственици во Америка, Англија, Австрија, Бјелина, Шид, Плевља, Београд, Река Црнојевиќ, Сараево, Тузла и други места.
Миленко Атанацковиќ, сметал дека неговиот жанр е „пазарен“. Во неговиот опусот најчести дела се портрети, слики и цртежи, направени на хартија, платно, картон и дрво. Тој бил документарец на своето време и го снимил полувековниот живот на неговата Бјелина и нејзините жители. Значајно е да се каже дека во периодот меѓу двете светски војни изработува иконостаси, кои сè уште претставуваат значајни дела од фрескоживописот и иконописот во црквите во Бјелина[2], Загонима и Јања. Од 1950 година до 1955 година главно се занимавал со цртање орнаменти. Направил околу 1000 различни цртежи и скици, кои најмногу се користеле за уметнички занаети.
За прв пат изложувал како студент во Виена во Куќата Кинслер (германски: Künstler Haus), а последната ретроспективна изложба на неговите дела била организирана во Бјелина во 2005 година на педесетгодишнината од неговата смрт.
Својот исклучително успешен живот го завршил во Бјелина, на 7 февруари 1955 година. Денес, уметничка галерија во Бјелина го носи неговото име.[3]
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Радић, Милош; Душан Мартиновић (1972). Миленко Атанацковић 1975-1955. Бијељина: Народни универзитет
- ↑ Храм Св. Георгија Архивирано на 1 септември 2013 г., Посетено на 13. 4. 2013.
- ↑ „Затворена изложба фотографија „савремена Русија"“ (српски). Радио-телевизија Републике Српске. 5 јули 2012. Посетено на 5 јули 2012.