Милдред Тротер (англиски: Mildred Trotter; 3 февруари 189923 август 1991) беше американски пионер како форензички историчар и форензички антрополог.[1]

Милдред Тротер
Роден(а)3 февруари 1899(1899-02-03)
Монака, Пенсилванија, САД
Починал(а)23 август 1991(1991-08-23) (возр. 92)
ЖивеалиштеСАД
НационалностАмериканка
ПолињаФорензичка историја и антропологија
УстановиМедицински Факултет при Универзитет Вашингтон
ОбразованиеКолеџ Монт Холиок, Вашингтон Универзитет во Сент Луис, Оксфорд

Тротер е родена во Монака, Пенсилванија. Дипломира зоологија и психологија на Колеџот Монт Холиок во 1920. Вработена е од страна на Универзитетот Вашингтон во Сент Луис како истражувач на Медицинскиот факултет и одделот за анатомија. Нејзината работа придонесува за добивањето на дипломата. Магистрира (1921) и докторира (1924) анатомија, кога станува и инструктор по анатомија.[2] Ја прифаќа стипендијата од Националниот истражувачки совет за физичка антропологија за академската 1925/26 година и студира на Оксфорд во Англија, заедно со Артур Томсон. Како резултат на оваа работа, таа го објавува својот прв истражувачки труд за коски под наслов „Подвижните сегменти на ’рбетот кај старите Египќјани“.[3]

Следната година се враќа на Медицинскиот факултет при Универзитетот Вашингтон и е унапредена во асистент професор од страна на Роберт Џ. Тери, шефот на Одделот за анатомија. Четири години подоцна, добива мандат како вонреден професор. Во 1946, откако се жали кај шефот на Одделот за анатомија, Е.В. Каудри и откако е проценета од страна на комисија,[2] Тротер конечно добива статус на редовен професор по бруто анатомија, притоа станувајќи првата жена на таа позиција на Универзитетот Вашингтон.[3]

Во 1948, на Тротер ѝ е доделено четиринаесетмесечно отсуство од Универзитетот Вашингтон, за да соработува со Службата за регистрација на гробови на американската армија во Централната лабораторија за идентификација во Скофилд Баракс, Хаваи. Нејзиното задолжение е да помогне во идентификацијата на остатоците од американските војници. Нејзината лабораторија идентификува 94% од анализираните остатоци.[1]

Работата на Тротер со Голдин Ц. Глесер во 1952 резултира со статистичка регресиона формула за пресметка на човековата висина проценета од човечките долги коски, засновано на популацијата на американските жртви од Корејската војна и Териовата колекција на човечки остатоци. Овие формули сè уште широко се применуваат.[4][5][6][7]

Во 1958, Тротер станува професор по анатомија и останува на таа позиција до 1967, кога се пензионира на 68 години. Како професор емеритус, продолжува да биде активна во истражувачката работа, предавајќи и пишувајќи до 1984.[2][3] Помеѓу 1926 и 1967 им предава на близу 4000 студенти, вклучувајќи ги нобеловците д-р Ерл Вилбур Сатерленд Џуниор и д-р Даниел Нејтанс.[2]

Милдред е една од основачите на Американската асоцијација на физички антрополози и нивна прва жена претседател (1955-1957). Таа е претседател на Државниот одбор за анатомија во Мисури од 1957 до 1967 и претседател на Одборот за анатомија во Сент Луис од 1941 до 1948 и од 1949 до 1967.[2]

На 86 години, д-р Тротер умира од мозочен удар. По нејзина желба, по смртта на 23 август, 1991, нејзиното тело е донирано на Медицинскиот факултет при Универзитетот Вашингтон.[2][3]

Награди и одликувања

уреди

На д-р Тротер ѝ се доделени неколку почесни дипломи, вклучувајќи и доктор на науки од Западниот колеџ за жени во 1956, доктор на науки од Колеџот Холиок во 1960 и доктор на науки од Универзитетот Вашингтон во 1980.[3]

Прогласена е за Жена на постигнувања во науката во 1955 од страна на Сент Луис Глоуб-Демократ. Таа е првата жена одликувана со Медалот на Викинг Фонд за физичка антропологија од Фондацијата Вернер Грен за антрополошки истражувања во 1956.[2]

Наградата Милдред Тротер им се доделува на студентите со исклучителна работа во полето на физичка антропологија, а е именувана во чест на нејзината работа во областа на скелетна биологија.[2][8]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Williams, Robert C. (2013). „Preface: Mildred Trotter and the Boneyard of War“. The forensic historian : using science to reexamine the past. Armonk, N.Y.: M.E. Sharpe. стр. xi–xiii. ISBN 978-0765636621. Посетено на 27 August 2015.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 2,6 2,7 „Women in Health Sciences - Biographies: Mildred Trotter (1899-1991)“. Bernard Becker Medical Library Digital Collection. 2009. Посетено на 2010-08-02.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 „Mildred Trotter (1899-1991)“. Medical Journeys. Washington University School of Medicine. Посетено на 10 September 2015.
  4. Byers, Steven N. (2011). Introduction to forensic anthropology (4. изд.). Harlow: Pearson Education. стр. 490. ISBN 978-0205790128. Посетено на 10 September 2015.
  5. Trotter, Mildred; Gleser, Goldine C. (December 1952). „Estimation of stature from long bones of American Whites and Negroes“. American Journal of Physical Anthropology. 10 (4): 463–514. doi:10.1002/ajpa.1330100407.
  6. Trotter, Mildred; Gleser, Goldine C. (March 1958). „A re-evaluation of estimation of stature based on measurements of stature taken during life and of long bones after death“. American Journal of Physical Anthropology. 16 (1): 79–123. doi:10.1002/ajpa.1330160106.
  7. „Goldine C. Gleser papers, 1950s-1970s“. OhioLINK Finding Aid Repository. Посетено на 10 September 2015.
  8. Hagen, E (2009-06-02). „The Mildred Trotter Prize“. American Association of Physical Anthropologists. Архивирано од изворникот на 2011-07-21. Посетено на 2010-08-02.

Надворешни врски

уреди