Милан Талевски
Милан Талевски (роден во Велес, 2 ноември 1954) — македонски стопанственик и политичар, првиот градоначалник на град Скопје по осамостојувањето на Македонија, од 1991 до 1993 година.
Животопис
уредиТој е роден на 2 ноември 1954 година во Велес. Завршил гимназија во „Ѓорѓи Димитров“ во Скопје, а потоа дипломирал и на Електротехничкиот факултет при Скопскиот универзитет. Меѓу 1985 и 1990 година работел во ТП „Караорман“.
Во декември 1990 година е избран за градоначалник на градот Скопје, на која должност стапува на 23 јануари 1991 година. Мандатот му траел до 1993 година. Ја изградил санитарната депонија „Дрисла“ во атарот на селото Ракотници, со капацитет за депонирање смет за Скопје и околните градови предвиден до 2025-2030 година. Санитарната депонија била пуштена во употреба на 21 септември 1993 година. Потоа изградил канал за кајакарство кој бил изграден согласно европските и светски стандарди. Потоа учествувал во основањето на претпријатието „Талинг“.