Микеле Кваранта
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Микеле Кваранта (италијански: Michele Quaranta) (роден на 24 декември 1953 во Италија) е учител по аикидо, кој живее во Швајцарија.
Микеле Кваранта | ||
Роден | 24 декември, 1953 Форлимпополи, Италија | |
---|---|---|
Занимање | Учител по аикидо |
Животопис
уредиКонтинуирано вежба аикидо од 1974 г. Моментално е носител на 6. Дан во аикидото. Скоро 22 години бил асистент (уке) на Масатоми Икеда и го придружувал на сите семинари кои ги одржувал Икеда. Неговата спортска кариера ја започнал како професионален фудбалер на ФК Нордстерн (во првата Швајцарска фудбалска лига), а потоа работел и како професионален фудбалски тренер. Подоцна се вработил како банкарски службеник и на крај се насочува професионално кон аикидото. По повлекувањето на Икеда во 2001 г. од активниот аикидо живот, Микеле Кваранта родолжува самостојно да го проширува аикидото наследено од Икеда-сенсеј. Основал две школи со повеќе клубови. Првата била во градот Базел (Швајцарија) од 1983 година, додека поновата е во градот Нешател (Швајцарија). Има повеќе од 300 ученици во своите школи. Во меѓународната сцена посебно се истакнува како технички директор на повеќе држави кои ја ценат неговата способност, стручност и оддаденост на аикидото. Со правото да доделува мајсторски степени заклучно со 4. Дан во Словачката аикидо асоцијација, додека самиот беше носител на 5. Дан и титула Шидоин, претставува уникатен пример во светот со таква дозвола доверена од Аикикаи Хомбу Доџо. Освен аикидо подучува Аикикен, Аикиџо и Хоџо (HOJO) (древна дисциплина развиена во школата Кашима Шинден Џикишинаге Рју (Kashima Shinden Jikishinkage Ryu) која датира од 14 век и за која се користи посебен бокен (дрвен меч) . Оваа дисциплина подетално ја подучува на летните семинари.
Образование
уредиСредно економско училиште.
Јазици
уредиЗборува италијански, шпански, француски, германски, португалски и англиски.
Семинари
уредиРедовно одржува семинари во следните земји: Швајцарија, Словачка, Чешка, Полска, Русија, Украина, Египет, Хрватска, Србија и Македонија, а на чести покани и во Велика Британија, Ирска, Холандија, Германија, Турција, Франција и Италија.
Хоби
уредиМузика и фудбал.