Микаел Имер (9 септември 1998) и е професионален шведски тенисер. Тој постигнал највисоко ниво во кариерата на 67 место на АТП рангирање на светот, постигнато во март 2020 година. Во игра на двојки рангирањето на Микаел било 187 место според рангот на АТП, постигнато во октомври 2017 година. Моментално е шведски играч број 1. Тој е помлад брат на тенисерот Елиас Имер.[1] Микаел се натпреварувал во финалето на машкото првенство на Вимблдон за јуниори во 2015 година, но бил поразен од американецот Рајли Опелка.
Имер е роден во Скара, Шведска од родители кои билеимигранти од Етиопија. Неговата мајка, Келем е лекар а неговиот татко, Вондвосен, работи во млечна компанија.[2] Неговиот помлад и втор брат Рафаел е тенисер кој се натпреварува во јуниорска конкуренција.[3]
Имер го одиграл своето прво јуниорско големо финале и тоа на Вимблдон во 2015 година, каде што загубил од Рајли Опелка во сетови.
Во 2015 година, Имер успеал да ја освои својата втората титула на Европското првенство за играчи до 18 години (U18), победувајќи го Бернабе Запата Миралес во финалето во сетови.
Имер стигнал до третото коло на Гренд слем турнир за прв пат во својата кариера и тоа на Австралија Опен во 2021 година. Тој го направил тоа победувајќи го дваесет и шестиот носител Хуберт Хуркач и квалификантот Карлос Алкараз, пред да загуби во третото коло од петтиот носител Стефанос Циципас.[4]
Како светски рекет број 105 на Отвореното првенство на Франција во 2021 година, Имер ја постигнал најголемата победа до тој период во својата кариера, победувајќи го светскиот рекет број 15 Гаел Монфис во второто коло.[5] Со оваа победа тој повторно стигнал до третото коло на турнирот, овојпат губејќи од Јаник Синер.[6]
На Отвореното првенство во Винстон-Салем во 2021 година, Имер ги победил единаесеттиот носител Алберт Рамос-Винолас, квалификантот со вајлд-карта Макс Персел и тринаесеттиот носител Френсис Тиафое за да стигне до своето прво полуфинале на АТП турнир.[7] Тој продолжил да победува и го победил петнаесеттиот носител Карлос Алкараз за да стигне до своето прво АТП финале, со што станал првиот шведски финалист на ниво на турнири по Робин Седерлинг на кого тоа му успеало на Шведскиот опен во 2011 година.[8] Имер го загубил финалето од Илја Ивашка во сетови по само 56 минути игра.[9]
Во август, Имер играл на САД Опен 2021 година, губејќи од Џенсон Бруксби уште во првото коло.[10]