Мешко II Ламберт
Мешко II Ламберт (роден 990, починал на 10 или 11 мај 1034) полски крал во 1025–1031 година, полски принц 1032–1034 од династијата Пјаст. Син на Болеслав Храбриот. Власта ја презел по смртта на неговиот татко и веројатно ги протерал неговите двајца браќа од земјата. Извршил два победнички напади на Саксонија во 1028 и 1030 година. Подоцна водел одбранбени војни против Германците, Чесите и принцовите од Киевска Русија. Ја напуштил земјата во 1031 година како резултат на нападот од страна на Конрад II како и нападот на руските кнезови Јарослав Мудриот и Мечислав, кои му помогнале на неговиот брат Безприм да дојде на полскиот пресол. Потоа побегнал во Бохемија, каде бил затворен од принцот Удалрик. Но повторно се вратил на власт во 1032 година како кнез на една од трите области. Ја обединил државата, но не успеал да создаде стабилна власт. За време на неговото владеење, го загубил териториите кои претходно биле освоени од страна на Болеслав Храбриот, како: Милско и Лужице, Гроди Червиенски и Моравија (а можеби и Словачка). Тој бил првиот владетел на Полска кој знаел да чита и пишува. Ги познавал германскиот, латинскиот и грчкиот јазик.
Биографија
уредиМешко II бил вториот син на Болеслав I Храбриот и прв од бракот со Емнилда, словенската принцеза. Тој бил политички активен уште за време на животот на неговиот татко, со што се претпоставува дека Болеслав Храбриот го назначил за негов наследник. Учествувал првенствено во дипломатијата со германското кралство како претставник на Болеслав, пратеник и командант на армијата. Во 1013 година заедно со својот татко заминал во Мерзебург и бил присутен кога бил склучен договорот помеѓу Болеслав Храбриот и Хенри II [1], според кој Болеслав ги добил Милско и Лужице во владение, а за возврат се обврзал да го поддржува Хенри II за време на неговиот поход во Италија [2].
Позицијата на младиот принц како во Полска така и во Светото Римско Царство, значително била зајакната со неговиот брак во 1013 година со Ричеза, ќерката на Езон, Палатин од Рајна, зет на Отон III. Според белешките од манастирот Браувајлер, подоцна „полскиот крал Мешко, испраќајќи ги стројницитее со разни подароци, како што доликува на кралска личност, преку споменатиот владетел [кралот на Германија] до својата првородена ќерка, ја побарал раката на Ричеза". Езон имал статус еднаков на територијален принц и имал големо влијание како водач на опозицијата од Лорена на Хенри II. Преку бракот на Мешко со неговата ќерка, династијата Пјаст влегла во кругот на царското семејство и се здобил со еднаква позиција, ако не и повисока, од германската аристократија. Во 1014 година, Миешко бил испратен од неговиот татко во Бохемија како пратеник, кој требал да го убеди принцот Удалрик да формира сојуз против Хенри II. Мисијата завршила неуспешно, а Удалрик го затворил Мешко и го предал на кралот на Германија[3]. Според Тиетмар, тој бил ослободен благодарение на интервенцијата на саксонските благородници кои гарантирале за него со нивниот имот[4].
Една година подоцна, Мешко ја предводел полската војска во уште една војна против Хенри II. Сепак текот на походот не бил поволен за царот. На неговата војска им требало повеќе од еден месец да стигнат до реката Одра, каде наишле на силен отпор од восјките на Болеслав под команда на Мешко. Хенри испратил пратеници кај принцот, обидувајќи се да го убеди да склучи примирје. Но Мешко одбил, а императорот почнал да се повлекува. Полскиот принц се упатил по него, нанесувајќи големи загуби на германската војска. Откако стигнал до Мајсен, тој неуспешно се обидел да го опседи градот на неговиот зет, маркгрофот Херман. Борбите престанале наесен 1015 година и продолжиле дури во 1017 година по неуспехот на мировните преговори. Царските сили ја преминале Одра во близина на Кросно Одрзањски и, заобиколувајќи ги главните градови, тргнале кон Ниемца. Во исто време, Мешко, на чело на 10 легии на коњаницата, како сојузник на Хенри, започнал напад од Моравија кон Бохемија. Акцијата за пренасочување била ефикасна, а царот се откажал од директен напад и започнал неуспешна опсада на Њемца. Една година подоцна, во Бауцен била склучен мировен договор во полза на Полска[5].
Владеењето на Мешко II
уредиКрунисување и наследство
уредиНабргу по смртта на неговиот татко, Мешко бил крунисан за крал на Полска на 25 декември 1025 година од архиепископот Иполит од Гњезно во Богородичната базилика во Гњезно. Според германските хроничари, тој тоа го направил самоволно, што донекаде може да биде вистинито, со оглед на политичката ситуација во тоа време. Мешко II од неговиот татко наследил огромна територија. Покрај државата Гњезно која била наследена од неговиот дедо Мешко I (со исклучок на Западна Померанија) тој ги наследил и Милско, Лужице, Моравија и Гроди Червиенски. Мешко II важел за значаен владетел на централна европа во тој период, имал добри врски со Светото римско царство, што значело добар почеток на неговото владеење.
Не е познато како, по преземањето на власта, Мешко се однесувал со своите двајца браќа: Безприм и Отон. Според записите од хроникате се претпоставува дека биле протерани или принудени да ја напуштат земјата. Отон наводно бил прогонет затоа што го фаворизирал императорот Конрад. Други извори споменуваат дека Безприм наводно живеел во Рутенија.
Поддршка на германската опозиција
уредиВо 1026 година германскиот крал Конрад II заминал за Италија каде бил крунисан. Неговото отсуство ја зголемило активноста на опозицијата претставувана од Ернест II од Швабија и Фредерик II од Лорен. Противниците на Конрад решиле да ја добијат поддршката на Мешко II, кој веќе имал значајна позиција. Потврда за овие обиди била книгата со молитви испратена до Мешко околу 1027 година од Матилда од Швабија (сопруга на Фредерик II од Лорен, ќерка на Херман II, војвода од Швабија од династијата на Конрадин). Таканаречениот Код на Матилда вклучувал, меѓу другото: минијатура на која се прикажува како принцезата му ја предава книгата на кралот кој седи на престолот. Дополнително имало и писмо со посвета од Матилда со пофални, иако веројатно претерани, информации за владетелот на Полска. Матилда го опишала како извонреден крал, како и неговиот татко, посветен на ширењето на христијанството. Го пофалила дејствување на Мешко во изградбата на нови цркви, како и неговото познавање на латинскиот и грчкиот јазик, што било исклучително ретко во тоа време. Во оваа книга се наоѓа и најстариот музички запис во Полска: невма Ad celebres rex cejlice. Подарокот го донел очекуваниот резултат и Мешко ветил дека ќе преземе воени активности. Есента 1027 година започнал да се подготвува за походот за поддршка на опозицијата. Во средината на истата година, Конрад II се вратил во земјата и се борел против бунтовниците. Тој го поразил, а потоа и лишил од слобода Ернест од Швабија. Мешко II тргнал во својот напад дури кога борбите во Германија стивнале. Во 1028 година, полските сили нападнале во Саксонија и киднапирале бројни заложници, со што се означува почетокот на војната меѓу полскиот крал Миешко II Ламберт и германскиот крал и римскиот император Конрад II. Уништувањата биле толку големи што, според саксонските извори, „откако поминале војниците на Мешко, трева неможела да расте“. Кралот на Полска бил обвинет за прекршување на договорот, со тоа што го узурпирал правото на кралската круна. Инвазијата ги зафатила и териториите на племето Велети кои во октомври 1028 година на државниот конгрес во Фелде, барале заштита од царот пред нападите на Мешко II, ветувајќи поддршка во борбата против владетелот на Полска[6].
Одмазднички војувања
уредиПредоцна организираниот напад не влијаел врз шансите на бунтовниците, но ја поттикнал одмазднички удар на царот. Во есента 1029 година, трупите на Конрад ја нападнале Лужице и започнале неуспешна опсада на Бауцен[7]. Германците не ја добиле ветената поддршка од Велетите, а нападот заврши неуспешно бидејќи владетелот на Германија, загрозен од Унгарците, бил принуден да се повлече.
Во 1030 година, Мешко, обезбеден со сојуз со Унгарија, уште еднаш ја нападнал Саксонија. Во меѓувреме, неговиот јужен сојузник ја нападнал Баварија, привремено окупирајќи ја Виена.
Крај на животот
уредиМешко починал ненадејно на 10 или 11 мај 1034 година, оставајќи ја државата ослабена и територијално значително намалена во споредба со почетокот на неговото владеење, што придонело, Мазовија, управувана од поранешниот владетел Миецлав, да биде изгубена.
Мешко II умрел од природна смрт, што е јасно наведено во полските извори. Тој бил погребан во катедралата во Познањ.
Ситуацијата во земјата по неговата смрт со кратки зборови ја опишал Випо:„Мешко, принцот на Полска, умре со прерана смрт, а христијанската вера, започната од неговите претходници и зајакната од негова страна, за жал пропадна".
Семејство
уредиСопруга
уреди- Ричеза (родена околу 993 година, починала на 21 март 1063 година) - ќерка на Езон, гроф од Палатин во Лорен.
Деца
уреди- Кажимиеж I Обновител (роден на 25 јули 1016 година, починал на 28 ноември 1058 година ) — принц на Полска (1038–1058 година),
- позната како Ричеза или Аделаида , ќерка (родена ?, починала по 1052) – сопруга на Бел I, крал на Унгарија (1060–1063) , мајка на Ладислав, крал на Унгарија
- Гертруда (родена околу 1025 година, починала на 4 јануари 1108 година) – сопруга на Изјаслав I принц од Новгород (1052–1054), Големиот војвода од Киев (1054–1068, 1069–1073, 1077–1078).
Можно е ќерката на Мешко II да била и Агата, сопруга на англискиот принц Едвард Егзилецот, чие потекло е предмет на дебата.
Во XIX век се појавила хипотеза дека Мешко II имал и втор син, Болеслав. Според Освалд Балцер, тој бил постар син на Мешко II и Ричеза, роден во 1014 или 1015 година, додека според Тадеуш Василевски, син на Мешко и неговата невенчана жена, роден во 1033 година.[8] Меѓутоа, оваа хипотеза е отфрлена во современата историографија.
Комеморација
уредиВо септември 2018 година бил претставен кралот на една од статуите на Кралската рута во Гњезно. Автор на скулптурата е уметникот од Познањ, Рафал Новак.[9]
Мешко II е претставен на ренесансниот барелјеф поставен на порталот на влезната порта на шлезискиот замок Пиаст во Брзег.
Во 1000 годишнината од крунисувањето на Болеслав Храбриот и Мешко II Ламберт, со резолуција на Сејмот од 10-тиот мандат на Република Полска од 24 јули 2024 година, било одлучено 2025 година да се утврди како „Милениумска година на Крунисување на првите двајца полски кралеви во Гњезно“.
Наводи
уреди- ↑ Według R. Grodeckiego Mieszko II zawarł porozumienie z Henrykiem II w Magdeburgu (1012) i został jego lennikiem. S. Zachorowski, J. Dąbrowski, R. Grodecki. Dzieje Polski średniowiecznej. I. стр. 94.
- ↑ S. Zachorowski, J. Dąbrowski, R. Grodecki. Dzieje Polski średniowiecznej. I. стр. 94. Szczur, S. Historia Polski – średniowiecze. стр. 70.
- ↑ Słomka vel Słomiński, Krystian (2019). „O cnocie w Ikones książąt i królów polskich Jana Głuchowskiego“. Meluzyna. 2: 35–52. doi:10.18318/me.2019.2-04. ISSN 2449-7339.
- ↑ Maciorowski, Mirosław; Maciejewska, Beata (2018). Władcy Polski: historia na nowo opowiedziana. Warszawa: Wydawnictwo Agora - Wydawnictwo Książkowe. ISBN 978-83-268-2720-4.
- ↑ Słomka vel Słomiński, Krystian (2019). „O cnocie w Ikones książąt i królów polskich Jana Głuchowskiego“. Meluzyna. 2: 35–52. doi:10.18318/me.2019.2-04. ISSN 2449-7339.
- ↑ Słomka vel Słomiński, Krystian (2019). „O cnocie w Ikones książąt i królów polskich Jana Głuchowskiego“. Meluzyna. 2: 35–52. doi:10.18318/me.2019.2-04. ISSN 2449-7339.
- ↑ Słomka vel Słomiński, Krystian (2019). „O cnocie w Ikones książąt i królów polskich Jana Głuchowskiego“. Meluzyna. 2: 35–52. doi:10.18318/me.2019.2-04. ISSN 2449-7339.
- ↑ Wasilewski, Tadeusz (1989). „Zapomniane przekazy rocznikarskie o Bolesławie Mieszkowicu. O nie – Gallowe pojmowanie wczesnych dziejów Polski“. Przegląd Historyczny: 225–237.
- ↑ Trzeci król zawitał do Gniezna, 21 września 2018, Архивирано од изворникот на 2018-12-30, Посетено на 2024-12-12 Занемарен непознатиот параметар
|inventor=
(help); Проверете ги датумските вредности во:|date=
(help)