Мечот на Свети Петар
Мечот на Свети Петар (полски: Miecz ęwiętego Piotra) — свети реликва што се чува во музејот во Познањ, Полска.
Се смета дека е мечот со кој апостол Петар го отсекол десното уво на првосвештеникот во моментот на апсењето на Исус во Гетсиманската градина. Мечот има слична форма на дусак или мачета. Копија од мечот е изложена во црквата „Свети Петар и Павле“ во Познањ.
Мечот се спомнува за првпат во објавениот во 1609 година Vitae Episcoporum Posnaniensium од Јан Длугош, како оригинален римски меч кој го користел Свети Петар, или директна копија направена за папата Стефан VII. Сепак, во тоа време Стефан веќе бил мртов, а тогашниот папа бил Јован XIII.
Мечот пристигнал во Познањ во 968 година како подарок од Јован XIII.