Мехмет Али Агџа (роден на 9 јануари 1958 во село Исмаили) е турски активист[1][2], убиец на левичарскиот новинар Абди Ипекчи на 1 февруари 1979 година и атентатор на римскиот папа Јован Павле II на 13 мај 1981 година, откако претходно побегнал од турскиот затвор.

Мехмет Али Агџа
Mehmet Ali Ağca
Роден9 јануари 1958(1958-01-09)(66 г.)
Турција
ПресудиНеуспешен атентат врз римскиот папа Јован Павле II
murder Убиство на новинарот Абди Ипекчи
КазнаДоживотен затвор во Италија; 10 години затвор во Турција
СтатусОслободен

По отслужување на 19 години затвор во Италија, тој бил депортиран во Турција, каде повторно се нашол во затвор. На 18 јануари 2010 година бил пуштен на слобода[3].

Самиот Агџа себеси се опишува како платеник, со ниту една политичка ориентација, иако е познато дека бил припадник на турската ултранационалистичка организација Сиви волци.

Наводи

уреди
  1. Freedman, Robert Owen, The Middle East from the Iran-Contra affair to the Intifada, (Syracuse University Press, 1991), 396; "Demirag was known as an admirer of Mehmet Ali Agca, the Turk that shot and wounded Pope John Paul II in 1981."
  2. Weigel, George, Witness to Hope: The Biography of Pope John Paul II, (HarperCollins Publisher, 1999), 397.
  3. „Man who shot pope released from prison“. CNN. 2010-01-18. Архивирано од изворникот на 2021-01-25. Посетено на 2010-01-18.