Методи Додевски - Манак

Методи Додевски - Манак ( во Долно Соње, Скопско7 октомври 1944 во Горно Соње, Скопско) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Методи Додевски - Манак
Роден Долно Соње, Скопје, Македонија
Починал 7 октомври, 1944 година
Горно Соње, Скопје, Македонија

Животопис

уреди

Завршил основно училиште, а потоа останал во родното село и се вработил како општ работник. Во почетокот на септември 1944 година стапил во борбените редови на Дванаесеттата македонска ударна бригада, како борец во првата чета, од првиот баталјон. Во четата, меѓу соборците бил познат под прекарот Манак. Речиси цели два месеца бригадата постојано водела борби против балистите. Во една од нив со четата се нашол на истурена позиција. Од врвот на Водно, бројни балистички групи вршеле пробив кон селата и позициите на четата. Непријателот бил поброен. Било наредено непријателот да се пушти да се приближи на 80-100 метри и дури тогаш со брз и концентриран оган да се одбие. Така, се развила жестока борба од непосредна близина. Во оваа борба бил тешко ранет командантот на баталјонот. Со еден контранапад на Манаковата чета, командантот бил извлечен. Манак одново се нашол во борбите за одбрана на Горно Соње. Борците и во оваа борба, извојувале победа над балистите. Селото бил спасено. Но, во една нова борба кај селото Горно Соње, тој храбро загинал на 7 октомври 1944 година.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Беа, загинаа, останаа. Скопје: Историски Архив. 1969. стр. 188. На |first= му недостасува |last= (help)