Месидор - оперска лирска драма во четири чина, на Алфред Бруно со либрето на француското на Емил Зола. Премиерно операта била прикажана на 19 февруари 1897 година во Опера Гарние во Париз. Името на операта доаѓа од десеттиот месец од францускиот републикански календар.[1]

Иако првично била успешна, популарноста на „Месидор“ била погодена од Аферата Драјфус што се случувала за време на премиерата на операта. Бидејќи и Бруно и неговиот добар пријател Зола биле активни поддржувачи на Алфред Драјфус за време на судењето, француската јавност не ја прифатила музиката на композиторот повеќе години.[2] „Adieux du berger“ и „Chanson du semeur“ (од чинот II) и воведот на чинот IV сепак останале познати.[3]

Соработките помеѓу Бруно и Зола, од кои „Месидор“ е најзабележителен, се сметале за обид за француската алтернатива на италијанското движење веризмо во операта.[4]

Улоги

уреди
Улога Тип на глас Премиерен состав, 19 февруари 1897 година[5] (Диригент: Пол Тафанел)
Гаспар бас Жан Ноте
Гијом тенор Албер Алварез
Матијас, братучед на Гијом баритон Жан-Франсоа Делмас
Вероник, мајката на Гијом мецосопран Бланш Дешан Жеен
Елена, ќерка на Гаспар сопран Луси Берте
Пастирот тенор или баритон Морис Рено
Попот тенор или бас Галоа
Рефрен: Селани, работници, деца, молитвена поворка Рогација

Содржина

уреди

Се одвива во Ариеж, југозападниот регион од Франција, операта раскажува приказна за еден алчен селанец, Гаспар, кој си присвоил златоносен поток, кој претходно обезбедувал приход за целата заедница. Неговата ќерка Елен, и Гијом, млад и доблесен човек, се вљубуваат, но мајката на Гијом, Вероник, го обвинува Гаспар за убиство на нејзиниот сопруг. На крајот рудникот на Гаспар пропаѓа, потврдувајќи ја легендата дека златото ќе исчезна доколку се открие извоерот, а Гаспар е убиен од неговиот братучед Матијас кој потоа се самоубива фрлајќи се во провалија. Изворот е ослободен, земјата повторно станува плодна и Гијом може да се ожени со Елена.[6]

Вокална партитура

уреди

Вокалната партитура била објавена во 1897 година и сега е достапна на Интернет Месидор, на IMSLP.

Наводи

уреди
  1. Smith, Richard Langham: "Messidor (i)", Grove Music Online ур. L. Macy (Посетено на 6 април 2021), <http://www.grovemusic.com Архивирано на 16 мај 2008 г.>
  2. Smith, Richard Langham: "Bruneau, (Louis Charles Bonaventure) Alfred", Grove Music Online ур. L. Macy (Посетено на 6 април 2021 ), <http://www.grovemusic.com Архивирано на 16 мај 2008 г.>
  3. Geneviève Lacambre, "Le naturalisme officiel et triomphnant", in Paysages, paysans, Emmanuel Le Roy Ladurie, 1994
  4. Smith, Richard Langham: "Zola, Emile", Grove Music Online ed. L. Macy (Посетено на 6 април 2021), <http://www.grovemusic.com Архивирано на 16 мај 2008 г.>
  5. Предлошка:Almanacco
  6. Kelly, Barbara, French music, culture, and national identity, 1870-1939, Boydell & Brewer, 2008, p. 114. ISBN 1-58046-272-3