Мелехеј
рид во Данска и нејзина највисока точка
Мелехеј (дански: Møllehøj) — рид во состав на Ајерските Ридови (Ejerbjerge). во општината Скандерборг, Среден Јитланд. Со 170,86 м, ова е највисока природна точка[б 1] во Данска. Врвот е означен со мелнички камен — останка од ветерницата на ридот која работела од 1838 до 1917 г. Имала осум страни и покрив во облик на луковица.
Мелехеј | |
---|---|
Møllehøj | |
Поглед на Мелехеј од блиската кула на ридот Ајер Бавнехеј. Највисоката точка е затскриена зад покривот. | |
Највисока точка | |
Надм. вис. | 170,86 м |
Истакнатост | 161 м [1] |
Заведена како | највисока во земјата |
Друго име | Møllehøj |
Географија | |
Место | општина Скандерборг, Среден Јитланд, Данска |
Покраина | DK |
Сè до премерот во 2005 г. се сметало дека највисоко место во земјата е ридот Идинг Сковхеј (172,66 м со могила со бронзено време или 170.77 м без неа) во општината Хорсенс, и на второ место, Ајер Бавнехеј во непосредна близина на Мелехеј. Со премерот е утврдено дека највисоките природни точки на ридовите се сепак за 9 односно 51 см пониски од Мелехеј. Истата година Мелехеј е прогласен за највисока точка во Данска.
Поврзано
уреди- Гунбјерн, Гренланд — највисока точка во поширока Данска
- Среден Јитланд
- Јитланд
- Географија на Данска
Белешки
уреди- ↑ За споредба, највисокиот вештачки објект во Данска (предавателот „Томеруп“) е висок 321 м.
Наводи
уреди- ↑ „Møllehøj, Denmark“. Peakbagger.com. Посетено на 2 август 2014. (англиски)
Оваа статија место во Данска е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |