Гунбјерн

највисока планина во Гренланд

Гунбјерн (дански: Gunnbjørn Fjeld) — највисока планина во Гренланд, територија на Кралството Данска северно од Северниот Поларник. Претставува нунатак, карпест изданок над ледничкиот мраз.

Гунбјерн
Gunnbjørn Fjeld
Највисока точка
Надм. вис.3.694 м
Истакнатост3.694 м
Координати68°55′10.2″N 29°53′54.72″W / 68.919500° СГШ; 29.8985333° ЗГД / 68.919500; -29.8985333
Географија
Гунбјерн на карта

Карта

МестоСермерсок, Гренланд
Матичен венецВоктинсонови Планини
Искачување
Прво освојување16 август 1935

Географија

уреди

Планината се наоѓа во венецот Воктинсонови Планини во источниот дел на островот. Има доста нунатаци и опфаќа уште неколку врвови со висина над 3.500 м.[1]

Историја

уреди

Гунбјерн за првпат е освоен на 16 август 1935 г. од Огистен Курто, Џек Лонгленд, Ебе Мунк, Харолд Вејџер и Лоренс Вејџер. Наречен е во чест на Хунбјерн Улфсон, првиот Европеец кој го открил Гренланд.[2]

Врвот се издига над ненаселен крај на источното крајбрежје на Гренланд. Искачувањата се ретки поради оддалеченоста и непристапноста на тој крај. Почесто до него се доаѓа со вртолет или авион на скии, обично од Исланд.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Gunnbjørn Fjeld“. Mapcarta. Посетено на 5 July 2016.
  2. Rasmus Ole Rasmussen: Gunnbjørn Fjeld. Den Store Danske.

Надворешни врски

уреди