Ајет (тур. ayet; арап. آية, ајах) — арапски збор што значи предзнак или чудо. Поимот обично се однесува на еден од 6236-те стиха на Куранот (6348 ајети заедно со басмалите). Муслиманите го сметаат секој ает од Куранот како знак од Алах.

На крајот на секој стих во симбол е впишан бројот на ајетот. Тој симбол е ۝, крај на ајетот. Неговиот Уникоден број е U+06DD, а ۝۝۝۝ го означува крајот на една сура[1].

Наводи

уреди
  1. (Скениран) пример на знакот е на страница 3 од Предлог за дополнителни знаци на Уникод