Кирка
Кирка била волшебничка во старогрчката митологија. Таа живеела на еден остров во близината на брегот на Јужна Италија. Со својата моќ, Кирка го претворила островот во прекрасна земја и си изградила преубав замок од златни камења. Таа имала моќ, со помош на еден пијалак, да ги претвори луѓето во свињи. Тоа им го направила на другарите на Одисеј, но подоцна, кога се вљубила во Одисеј, таа пак им го вратила човечкиот облик.[1] [2] Таа е опишана во Хомеровиот еп „Одисеја“.