Мегафлора
Мегафлора (од грчкиот збор μέγας (мегас; „голем“), и новолатинскиот flora (флора; „растителен живот“) ― поим кој се однесува на исклучително голем растителен вид. Примери[1] на мегафлора се Sequoioideae од Калифорнија и голем број изумрени растителни видови од мезозоикот.
Култура
уредиПовеќето праиндоевропски митологии ја прикажуваат мегафлората во облик на светско дрво, дрво на животот, axis mundi или Свето дрво. Некои примери се Ашвата во хиндуската митологија, Игрдрасил во нордиската митологија и егиг еро фа во унгарската митологија. Значајните текстови како Епот за Гилгамеш и Книгата на Битието содржат слични мотиви, црпејќи вдахновение од античката иконографија.[2]
Често симболизирајќи ја вкоренетоста, духовноста и плодноста, овие растенија станаа средишни во жанровите на високата фантазија и научна фантастика. Двете дрвја на Валинор од Господарот на прстените и Домните дрвја од делото <i>Аватар</i> се два општопознати примери.
Примери
уреди- Adansonia digitata
- Eucalyptus regnans
- Ficus benghalensis
- Ceroxylon quindiuense
- Puya raimondii
- Victoria amazonica
- Крајбрежна црвена секвоја (Sequoia sempervirens)
- Џиновска секвоја (Sequoiadendron giganteum)
- Picea sitchensis
- Pseudotsuga menziesii var. menziesii
- Shorea faguetiana
- Koompassia excelsa
- Rafflesia arnoldii
- Amorphophallus titanum
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Martínez, L. C. A.; Pacheco Huacallo, E.; Pujana, R. R.; Padula, H. (1 јуни 2020). „A new megaflora (leaves and reproductive structures) from the Huancané Formation (Lower Cretaceous), Peru“. Cretaceous Research (англиски). 110: 104426. doi:10.1016/j.cretres.2020.104426. ISSN 0195-6671.
- ↑ Farmer, Jared (2010). „On Emblematic Megaflora“. Environmental History (англиски). 15: 533–547.