Мајте Перони
Маите Перони (родена на 9 март 1983[1] во Град Мексико, Мексико) — мексиканска глумица и пејачка. Нејзиното правилно име е Марија Тереза Перони Берлоџи. Името и е дадено по мајка и бидејќи таа се вика Марија Тереза. Нејзиниот татко се вика Хавиер и има двајца браќа кои се поголеми од неа, Адолфо и Франсиско. Нејзиното потекло е од Италија. Висока е 160 cm. Има студирано на факулетот Centro de Education Artistica (CEA). Во 2009 била прогласена за една од најубаввите 50 жени во светот во списанието People. Таа е заштитно лице на NYX Cosmetics и Pantene. Има добиено награда во 2006 за најдобра песна изведена на телевизиска серија, а во 2009 добила награда за најмлада и најубава глумица во мексиканските сапуници.
Мајте Перони Maite Perroni | |
---|---|
Родено име | Мајте Перони Беoрлегуи Maite Perroni Beorlegui |
Познат(а) и како | Мајте |
Роден(а) | 9 март 1983 |
Потекло | Мексико, Италија |
Жанрови | поп |
Занимања | пејачка, глумица |
Мреж. место | http://www.maite-perroni.com |
Кариера
уредиМајте Перони се прославила со нејзината улога во Ребелде, копија од аргентинската сапуница „Rebelde Way“. Таа ја играла Гвадалупе Лупита Фернандес, тинејџерка од посиромашно семејство која добива можност да учи во фиктивното Elite Way School. Серијата била прикажувана од 2004 до 2006, со 440 епизоди.
Следејќи го успехот, во 2007 била објавена серијата RBD:La Familia која имала само 13 епизоди.
Во 2008 таа ја имала главната улога во серијата „Cuidado Con El Angel“ заедно со Вилијам Леви. Серија имала голем успех низ целиот свет. Таа исто така учествувала во следната серија Mi pecado, во главна улога, во третата сезона на Mujeres Asessinas.
Во 2010 глумела во серијата El triunfo del amor, која се емитувала и во Македонија.
Наводи
уреди- ↑ balancuta2008 (August 20, 2009). „MAITE PERRONI CHAT MI PECADO (2)“. Посетено на September 16, 2016 – преку YouTube.
Надворешни врски
уреди„Мајте Перони“ на Ризницата ? |
- Официјално мрежно место Архивирано на 15 мај 2019 г.
- официјален Твитер профил
- Официјален YouTube канал