Мајмунска работа
Мајмунска работа (англиски: Monkey Business) - американски филм од 1952 година, во режија на Хауард Хокс (Howard Hawks). Главните улоги ги играат: Кери Грант (Cary Grant), Џинџер Робертс (Ginger Rogers), Мерилин Монро (Marylin Monroe) Чарлс Кобурн (Charles Coburn), Хју Марлоу (Hugh Marlowe) и Роберт Корнтвејт (Robert Cornthwaite).
Синопсис
уредиНесмасниот професор Барнаби Фултон (го игра Грант) веќе неколку месеци безуспешно се обидува да направи формула за пијалак за подмладување. Еден од мајмуните во лабораторијата случајно ги меша состојките и ги истура во сад со вода. Професорот ја пие течноста и се подмладува во духот, па купува нов костум и спортски автомобил, ја менува фризурата и лудува низ градот со секретарката на неговиот шеф, убавата Луис Лорел (ја игра Монро). По осум часа, пијалакот престанува да дејствува и професорот повторно се враќа во претходната состојба. Потоа, од водата пие и неговата сопруга Едвина (ја игра Роџерс), која наеднаш добива желба за авантури и му се приближува на Хенк (го игра Марлоу) кој ѝ се додворувал во младоста. Така, Фултон сфаќа дека магичниот пијалак носи само проблеми и одлучува да се откаже од натамошните експерименти. Меѓутоа, тој и Едвина повторно пијат голема доза од пијалакот и почнуваат да се однесуваат како мали деца, а Барнаби дури се обидува да го линчува Хенк. Најпосле, претпоставените на Барнаби, исто така, пијат од пијалакот и почнуваат да се однесуваат како деца. На крајот, дејствието на формулата поминува, а Барнаби ја согледува привлечноста на Едвина.[1]