Маја Трајковиќ
Маја Трајковиќ — македонска писателка на литература за деца и млади и на литература за возрасни, поетеса, раскажувач, романописец и преведувач.
Маја Трајковиќ | |
---|---|
Роден/а | 27.04.1975 Скопје, |
Занимање | Писателка |
Биографија
уредиМаја Трајковиќ е родена на 27.04.1975 година во Скопје. Таа е дипломиран професор и преведувач по француски јазик и книжевност со италијански јазик и книжевност. Таа е, исто така, магистер по менаџмент во образование. Работи во ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ како наставник по француски и стручен соработник - библиотекар.
Добитничка е на наградите ,, Библиотекар на годината- Павлина Цунева - Маказлиева за 2021 година” од здружението „Средби под јаворите” – Видое Подгорец и Признание за најдобар просветен работник во учебната 2021/22 година од Сојузот на просветните работници и Министерството за образование и наука. Ментор е и координатор во европски, национални и училишни проекти. Автор е на песни во антологии за поезија на меѓународни конкурси. Добитник е на прва награда „Вакри и Лапанка од Крива Паланка“, посветена на градот Крива Паланка. Преведувач и есеист. Член е на Извршен одбор на Библиотекарското здружение на Македонија. Добитник e на наградите за најистакнат стручен соработник од општина Кисела Вода на годината 2019/ 20 и 2022/ 23 година и Библиотека на годината 2020/21 од Библиотекарско здружение на РСМ. Автор е и на научни трудови на меѓународни конференции. Исто така, координатор е на училишните библиотеки на национално ниво.
Творештво
уредиНејзини досегашни дела се:
- „Пресек“ роман за возрасни (2020)
- „Златна душа“ роман за деца и млади (2023)
- „Мрачен и светол дом“ (2023)
- „Животопис“ (2023)
Во „Пресек“, Маја Трајковиќ зборува за својата борба со ракот на дојката. Лек за мислите и можност за враќање на здравјето е враќање кон себе и својата креативност. Тоа е книга за будење на женственоста, но онаа која е спитомена, себепочитувана, понизна, спокојна.[1]
„Книга- лекција, наменета за самоинспекција, лична голгота сервирана на свечена маса во форма на книжевна храна, што секој ќе рече, отвора нов прозорец кон светот. Јас велам, ова е книга-прзорец што отвора нов свет, по пресекот во животот на авторката", рече промоторката Ирена Белешковска на промоцијата на автобиографијата на Маја Трајковиќ од Скопје во библиотеката „Кочо Рацин" при Национална установа Центар за култура Крива Паланка.[2]
Во „Животопис“ се објавени тринаесет раскази во кои се опишуваат различни теми, што се случуваат во различни времиња. Опишаните ликови ги пишуваат своите животописи, затоа и книгата го има овој наслов. „Животопис“, всушност, ги обработуваат подемите и падовите на главните ликови, проткаени со архаизми кои се одлика на нашето богато пишано творештво. Инспирацијата за нејзиното создавање се чувствата и емоциите. Можеме да ги препознаеме оттуѓеноста од себе, но и од другите луѓе околу нас, како и себељубието. Поради ваквите емотивни состојби се користат магични и волшебни елементи во нивните животни приказни, за да се доближат едни до други – вели авторката Маја Трајковиќ. [3]
Наводи
уреди- ↑ https://www.crnobelo.com/novosti/knigi/108490-3-emotivni-biografii-na-makedonci-za-tabu-temite-i-borbata-za-zhivot#:~:text=%E2%80%9E%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BA%E2%80%9C%20%E2%80%93%20%D0%9C%D0%B0%D1%98%D0%B0%20%D0%A2%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C%20%D0%92%D0%BE%20%D0%BE%D0%B2%D0%B0%D0%B0%20%D0%BA%D0%BD%D0%B8%D0%B3%D0%B0%2C%20%D1%81%D0%BA%D0%BE%D0%BF%D1%98%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0%D1%82%D0%B0,%D0%BD%D0%BE%20%D0%BE%D0%BD%D0%B0%D0%B0%20%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%B0%20%D0%B5%20%D1%81%D0%BF%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B0%2C%20%D1%81%D0%B5%D0%B1%D0%B5%D0%BF%D0%BE%D1%87%D0%B8%D1%82%D1%83%D0%B2%D0%B0%D0%BD%D0%B0%2C%20%D0%BF%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D0%B7%D0%BD%D0%B0%2C%20%D1%81%D0%BF%D0%BE%D0%BA%D0%BE%D1%98%D0%BD%D0%B0.
- ↑ https://new.mia.mk/story/%D0%B0%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BE%D0%B3%D1%80%D0%B0%D1%84%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BD%D0%B0-%D0%BC%D0%B0%D1%98%D0%B0-%D1%82%D1%80%D0%B0%D1%98%D0%BA%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%9C-%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%B5%D0%BA-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%80%D0%B0%D0%BD%D0%B0-%D0%B2%D0%BE-%D0%BA%D1%80%D0%B8%D0%B2%D0%B0-%D0%BF%D0%B0%D0%BB%D0%B0%D0%BD%D0%BA%D0%B0
- ↑ https://novamakedonija.com.mk/zivot/kultura/pretstavena-knigata-zhivotopis-od-avtorkata-maja-trajkovikj/