„Златна душа“роман за деца и млади на македонската писателка Маја Трајковиќ. Книгата е објавена во 2023 година од „Дата песнопој“, Битола, едиција Книжевни меридијани. Книгата е каталогизирана во НУБ„Св. Климент Охридски“ -Скопје со ISBN број 978-608-246-441-1.Награден е со наградата на Дата Песнопој- Битола, Пелистерски ракувања.[1]

Златна душа
АвторМаја Трајковиќ
ЗемјаМакедонија Македонија
Јазикмакедонски
Жанрроман за деца и млади
ИздавачДата Песнопој
Издадена
2023
Медиумпечатено издание
ISBN978-608-246-441-1

Содржина

уреди

Романот се состои од 21 меѓусебно поврзани поглавја. Приказната започнува на дното на океанот каде во своето шишенце засолнато е момченцето, главниот лик, Тодор. Авторката обраќајќи се до своите читатели вешто го плете заплетот околу мистериозното момче кое е треба да ги научи луѓето на древните мудрости.

„Златната душа“ е симболот кој се воведува со приказната за златољупците и материјалистите кои го имаат загадено светот со отпад. Единствено нешто што не може да се позлати, тоа е „златната душа“, нешто што Тодор иманентно го поседува и на што ги научува своите пријатели.

Осврт кон делото

уреди

Во ова дело на Маја Трајковиќ се присутни моќни алегории на модерното живеење, изолацијата, загадувањето на животната околина, но и вредноста на љубовта и емпатијата. Овие алегории преку волшебната фантазија на авторката моќно ги загатнуваат проблемите на модерното време, во исто време давајќи и решенија. Малиот Тодор, слично на Малиот принц тука е да го води читателот на магична авантура за спас на човештвото и целата планета земја. Во текот на заплетот ликот на Тодор не е еднодимензионален, тој со секоја следна авантура расте и се менува, и од беспомошно мало момченце, станува спасител на целата планета. Овде е важно да се истакне идејата на авторката за одговорноста на секоја индивидуа, но и моќта поединецот да ги менува работите со својот активизам.

Во прозниот текст авторката вклопува и стихови кои дополнително даваат „лирска димензија на приказната“ како што Марина Огненова во критичкиот осврт за книгата Златна душа, истакнува. Според неа „ Златна душа“ потсетува и пренесува „моќна порака за меѓусебната поврзаност на целиот живот на земјата ...и итноста за грижата за животната средина и важноста од повторното откривање на „златната душа“ во нас- љубовта и сочувството- како клуч за одржлив и хармоничен свет.“[2]


Наводи

уреди
  1. Златна душа, Маја Трајковиќ, Битола Дата песнопој, 2023
  2. Златна душа, Маја Трајковиќ, Битола Дата песнопој, 2023, Видување за романот Златна душа од Маја Трајковиќ, стр. 112-114