Маја Беровиќ
Маја Беровиќ (8 јули 1987) позната по уметничкото име Маја — босанско-српска поп пејачка. На свои деветнаесет години започнала кариера како поп-фолк пејачка во Белград, и оттогаш се издигнала до врвот на својата кариера, со седум објавени албуми и повеќе хит-синглови.
Маја Беровиќ | |
---|---|
Пејачката Маја Беровиќ на концерт, 2017 година | |
Роден(а) | Маја Беровиќ 8 јули 1987 Илијаш, Босна и Херцеговина, СФР Југославија |
Живеалиште | Грац, Австрија Белград, Србија |
Занимање | пејачка |
Активен период | 2006–денес |
Сопружник | Ален Драгослав (в. 2016) |
Страница maya.co.rs |
Животопис
уредиМаја Беровиќ пеела од 12 годишна возраст во локалните дискотеки секој викенд. Беровиќ пораснала слушајќи уметници како Драгана Мирковиќ, Лепа Бpенa и Цеца.
Уште како тинејџер, Маја во Белград, во издавачката куќа Гранд Продукција го издала нејзиниот деби студиски албум Живот уживо (Живот, во живо) во август 2007 година,[1] и го постигнала првичниот успех со песната Џин и лимонада. Во декември 2008 година, таа го објавила нејзиниот втор студиски албум Црно злато.[2] Два месеца по објавувањето на овој албум, Маја го објавила синглот „Колку лудо те сакам јас“, во февруари 2009 година.[3]
Нејзиниот голем пробив се случил во февруари 2011 година по издавањето на нејзиниот трет албум, Маја,[4] и по успехот на феминистичката балада „Девојачко презиме", кој станал „Хит на годината“ во Сараево.[5] Таа потпишала договор за снимање со издавачка куќа „Сити рекордс“, каде го издала синглот „Летај птицо слободно" во јуни 2012 година.[6][7] Нејзиниот четврт студиски албум бил насловен Девојка од југ. [8] По неговото објавување, Маја одржала прв концерт во Белград во 2013 година.[9]
Во април 2014 година Беровиќ учествувала на фестивалот на Пинк.[10] Опасна Вода, нејзиниот петти албум и втор последователен проект со „Сити рекордс“, бил издаден на 27 октомври 2014 година.[11]
Во март 2016 ја снимила песната „Пауза". На 8 јули 2016, роденденот на Маја, таа ја снимила песната „То ми ради " со босанските рапери Џала Брат и Буба Корели.[12] Со двајцата музичари соработувала и при снимањето на шестиот и семдиот албум, издадени во 2017 и 2018 година.
Дискографија
уреди- Живот во живо(2007)
- Црно злато (2008)
- Маја (2011)
- Девојка од југ (2012)
- Опасни води (2014)
- Тајната на Викторија (2017)
- Седум (2018)
- Intime (2020)
- Милион (2023)
Видеографија
уредиСпот | Година | Режисер |
---|---|---|
Џин и лимунада | 2007 | Борис Дејанов |
Седатив | 2007 | ДМ САТ видео продукција |
Црно злато | 2008 | ДМ САТ видео продукција |
Дјевојачко презиме | 2011 | Харис Дубица |
Калдрма | 2011 | ДМ САТ видео продукција |
Мама мама | 2012 | Дејан Миличевиќ |
Један прави | 2012 | Дејан Миличевиќ |
Пилуле | 2012 | Дејан Миличевиќ |
Ко сам ја | 2012 | Дејан Миличевиќ |
Дјевојка са југа | 2012 | Дејан Миличевиќ |
Коприва | 2012 | Дејан Миличевиќ |
Вјеруј жени која пије | 2012 | Дејан Миличевиќ |
Не цвјетају ми јорговани | 2012 | Дејан Миличевиќ |
Лети птицо слободно | 2012 | Дејан Миличевиќ |
Зулум | 2012 | Дејан Миличевиќ |
Алкохол | 2014 | Андреј Илиќ |
Вољела сам те ко мајка | 2014 | Дејан Миличевиќ |
Дечко за провод | 2014 | Дејан Миличевиќ |
Опасне воде | 2014 | Дејан Миличевиќ |
Јави шта ти је у глави | 2014 | Дејан Миличевиќ |
Ти си грозница | 2014 | Дејан Миличевиќ |
Чиме ме дрогираш | 2014 | Дејан Миличевиќ |
Пауза | 2016 | TOXIC ENTERTAINMENT |
А то ме ради | 2016 | Љуба |
Извини тата | 2016 | Љуба |
Број | 2017 | Дејан Миличевиќ |
Нисам нормална | 2017 | Дејан Миличевиќ |
Пролеће | 2017 | Дејан Миличевиќ |
Мала ломи | 2017 | Дејан Миличевиќ |
Балмаин | 2017 | Дејан Миличевиќ |
Руски рулет | 2017 | Дејан Миличевиќ |
Ледена краљица | 2017 | Дејан Миличевиќ |
Легална | 2017 | Давид Љубеновиќ |
Право време | 2018 | Дино Сехић |
Начисто | 2018 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Зора | 2018 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Љубомора | 2018 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Сахара | 2018 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Дилајла | 2018 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Нека ствар | 2018 | TOXIC ENTERTAINMENT |
V.I.P. | 2018 | Дино Сехиќ |
Сама | 2018 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Проблем | 2019 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Змај | 2019 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Улога | 2019 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Лалала | 2020 | LEONA Videos |
Кунем се у нас | 2020 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Мото | 2020 | LEONA Videos |
Нико не зна | 2020 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Honey | 2020 | LEONA Videos |
Време | 2020 | LEONA Videos |
Бонбон | 2020 | LEONA Videos |
Верна ко пас | 2020 | LEONA Videos |
Нико као он | 2020 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Intime | 2020 | LEONA Videos |
Рам пам пам | 2021 | LEONA Videos |
Але,але | 2022 | TOXIC ENTERTAINMENT |
До костију | 2023 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Лају кује | 2024 | TOXIC ENTERTAINMENT |
8 милијарди | 2024 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Safe driver | 2024 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Дунав | 2024 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Без сам коментара | 2024 | TOXIC ENTERTAINMENT |
Наводи
уреди- ↑ „Maya-Život uživo“. Discogs. 2007.
- ↑ „Maya-Crno zlato“. Discogs. 2008.
- ↑ „Maya-Koliko te ludo volim ja“. Discogs. 28 February 2009.
- ↑ „Maya - 2011“. Discogs. 2011.
- ↑ „Maya Berović dobila nagradu za hit godine!“. Svet. 14 December 2011. Посетено на 12 October 2014.
- ↑ „"Vruće" fotke i letnji hit: Maya Berović "dirnuće" vas u srce“. S Media. 26 June 2012. Посетено на 12 October 2014.
- ↑ „Maya-Leti ptico slobodno“. Discogs. 25 June 2012.
- ↑ „Maya izabrala put kojim se ređe ide: Danas je najlakše skinuti se!“. Svet. 2 November 2012. Посетено на 12 October 2014.
- ↑ „POPULARNA SARAJKA Maya napravila lom na svom prvom nastupu u Beogradu“. Doznajemo. 21 April 2013. Архивирано од изворникот на 16 October 2014. Посетено на 12 October 2014.
- ↑ „Maya Berović uradila spot za pjesmu Alkohol!“. Ekskluziva. 9 May 2014. Посетено на 13 October 2014.
- ↑ „Opasne vode“. Discogs. 27 October 2014. Посетено на 12 November 2014.
- ↑ „Pogledajte šta najbolje radi plavušu Maju Berović“. Puls. 8 July 2016. Посетено на 16 July 2016.