Дрезденски кодекс

Дрезденскиот кодекс е најстарата преживеана книга од Америка, која потекнува од 13 век или 14 век. Кодексот бил повторно откриен во градот Дрезден, па според него оваа мајанска книга го добила името. Оваа книга се наоѓа во музејот на Саксонската Државна Библиотека во Дрезден, Германија.

Дрезденски кодекс, страници 10 и 11

Книгата претрпела сериозни оштетувања од вода за време на Втората светска војна. Страниците се 20 см високи, и може да се здиплат во хармоника-стил; а кога е раширен, кодексот е 3,7 метри долг. Кодексот е напишан со мајански хиероглифи и пренесува настани од некои триста или четири стотини години порано, опишувајќи ја локалната историја и астрономски табели.

Опис

уреди

Дрезденскиот кодекс содржи 78 страници со илустрации на почетокот и на крајот.[1] Повеќето страници имаат записи на двете страни.[1] Имаат црвени линии,[2] иако на повеќето страници ова е избледено. Страниците генерално се поделени на три дела, кои проучувачите ги поделиле на a, b , и c.[2] Некои страници имаат само две хоризонтални секции, додека една страница има четири, а друга пет.[2]

Изглед

уреди
Целосниот Дрезденски кодекс (страници 1–24, 46–74, 25–45) од лево кон десно, вклучувајќи ги празните страници

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Lyons 2011, стр. 85.
  2. 2,0 2,1 2,2 Thompson 1972, стр. 19.

[[Категорија:* Дрезденски кодекс