Мача зелен чај
Мача зелен чај (јапонски: 抹茶; букв. „распрскан чај“), е високо ценет вид на зелен чај кој се добива со парење и сушење. Начинот на обработка на листови потекнува од династијата Сунг (960-1278) кога прашокот бил претворен во т.н. Пена од жад. Тоа е единствен чај што не се произведува во лист, туку во форма на прав. Имено, тој се добива од особено квалитетниот чај, т.н Тенч, и иако ретко, се произведува и од Ѓокур, најпрепознатливиот јапонски специјалитет во лист.
Обработка на чај
уредиЛистовите се берат четири недели пред првата берба, додека грмушките од чајот се уште се покриени за да се спречи светлината да ги допре лисјата. Затоа, лисјата се мали и темно зелени по боја. По бербата, листовите се парат и се сушат, а на крај листовите се дробат во камена воденица. Денес во Јапонија се користи за Ча Но Ју, чајната церемонија, а будистичките свештеници го користат за време на медитација.
Делотворноста на овој пијалак
уредиЧајот е исклучително богат со антиоксиданси (катехин), витамини А, Б, Ц и Е и каротин бидејќи при пиењето на чај се пие и правот на чајот, по тоа овој чај се разликува од другите зелени чаеви. Испитувања покажале дека тој има многу повеќе антиоксиданси од кој било зеленчук или овошје, дека го подобрува метаболизмот и согорувањето на калории, опушта и релаксира, го подобрува расположението и концентрацијата, му помага на телото да се бори против вирусите и бактериите, богат е со витамин Ц, селен, цинк и магнезиум, влакна, го намалува холестеролот и шеќерот во крвта и не го зголемува ниво на инсулин. Својства на катехинот EGCg (епигалокатехин галат) обезбедуваат ефикасна одбрана од меланом. EGCg и другите катехини во него го поништуваат ефектот на слободните радикали кои можат да доведат до оштетување на клетките и ДНК. Дава енергија и ја зголемува издржливоста. Позитивно влијае на меморија и концентрација. Има смирувачки ефект.[1] Покрај тоа што е чај, зелениот чај во прав мача може да се користи и како додаток на јадењата, колачи и како суперефикасна маска за лице против стареењето.
Подготовка на чајот
уредиПотребен е полудлабок филџан, маталка од бамбус и дрвено лажиче. Со цел правилно да го подготвите овој чаен напиток, треба да ги следите упатствата.
- Ставете 1-2 лажички чај од мача во полудлабок филџан со помош на мало сито.
- Сварете 70 мл вода. Оставете да се излади 1 минута.
- Додадете 2-3 лажички зовриена вода во чаша со мача во прав.
- Промешајте го прашокот маталката од бамбус со цик-цак движења.
- Додадете го остатокот од водата и мешајте го чајот со истите движења додека на површината не се добие пена. Се служи со јапонски слатки бидејќи се смета дека така има подобар вкус.
Надворешни врски
уреди„Мача зелен чај“ на Ризницата ? |