Матура (филм од 2016)

„Матура“ (романски: Bacalaureat) — романски филм од 2016 година, во режија на Кристијан Мунгиу (Cristian Mungiu), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Адријан Тициени, Марија Драгуш, Влад Иванов, Лија Бугнар, Малина Мановичи и Рареш Андричи. За овој филм, Мунгиу ја освоил наградата за најдобар режисер на Канскиот филмски фестивал, а исто така бил номиниран и за најдобар сценарист и нјдобар режисер на Европските филмски награди.[1]

Кан 2016 година

Синопсис уреди

Ромео Алдеа (го игра Тициени) е лекар кој живее и работи во Трансилванија. Иако живее заедно со сопругата, тие не се во добри односи, зашто тој има љубовница. Неговата ќерка Елиза (ја угра Драгуш) е примена на универзитет во Англија, но претходно мора да ја положи матурата со висока оцена. Меѓутоа, на патот кон училиштето, неа ја напаѓа непознат маж, кој се обидува да ја силува. Таа е во шок од нападот, а освен тоа, повредена ѝ е раката. Татко ѝ ја принудува да се појави на матурскиот испит, но за да биде сигурен дека ќе положи, тој го замолува претседателот на испитната комисија да ѝ напише подобра оцена. Во тоа му помага еден државен службеник, кој пак чека на трансплантација на црниот дроб. Меѓутоа, службеникот се наоѓа под истрага на обвинителството, кое ги прислушува неговите телефонски разговори и така дознава и за незаконската постапка на Ромео. Истовремено, ќерка му дознава за неговата љубовница и Ромео е принуден да се исели од станот. По операцијата, државниот службеник умира, а во последен миг, Ромео дознава дека Елиза не го послушала неговиот совет и регуларно го полагала државниот испит.

Наводи уреди