Маточинска тврдина
Маточинската тврдина се наоѓа во близина на реката Тунџа, кај селото Маточина, во Југоисточна Бугарија. Тврдината била изградена во 12 век. Висината на кулите е 18 метри. Се смета дека претходно, на нејзино место се наоѓала друга тврдина која била разрушена во 378 година. Во близина на тврдината, во 1205 година се одвила битката помеѓу Латинското Царство и војските на бугарскиот цар Калојан, позната како Битка кај Одрин. Бугарските војски постигнале победа, заробувајќи го кралот Балдуин I. По битката, кралот престојувал на тврдината, а подоцна бил пренесен во тогашната престолнина Трново.
Маточинска тврдина | |
---|---|
Општи податоци | |
Град | Маточина |
Земја | Бугарија |