Масторава
Масторава е мордовска епска песна од Александар Шаронов напишана врз основа на мордовската митологија и фолклор. Била објавена во 1994 година на ерзјански јазик.
![](http://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/thumb/9/91/%D0%9C%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%BA%D0%B5%D1%80%D1%8C%D0%BA%D1%81%D0%B5%D0%BD%D1%82%D1%8C_%D0%BA%D0%B8%D1%80%D1%8C%D0%BA%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%8C.jpg/250px-%D0%9C%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%BE%D1%80%D0%B0%D0%B2%D0%B0_%D0%BC%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%BA%D0%B5%D1%80%D1%8C%D0%BA%D1%81%D0%B5%D0%BD%D1%82%D1%8C_%D0%BA%D0%B8%D1%80%D1%8C%D0%BA%D1%81%D0%B5%D1%81%D1%8C.jpg)
Епот Мастораве е типолошки сличен на карело-финскиот еп Калевале, естонскиот еп Калевипоег и латвискиот еп Лачплесис. Тој има концептуална сличност со старогрчки еп. И во двата епа хероите се луѓе-богови, градители на светот, кои придонесуваат на животот на луѓето, во обичаите и правата. Основната идеја на Масторава е дека погледот во иднината низ репродукција на минатото е актуелизација на илјади години старо историско, морално и естетско искуство на луѓето во умовите на луѓето на денешницата.
Песната се состои од пет делови наречени: Простор, Антика, Времето на кралот Тјустриј, Херојско доба и Ново доба. Во мордовската митологија Мастрова била божица на земјата. Името Масторава во буквален превод значи земјена жена, а зборот мастор значи земја.
Во овој еп, Тјуштиј бил земјоделец избран од луѓето да биде крал и водач на Мокшаните и ерзјанските кланови, како и на сојузничките воени сили. За време на неговото владеење, Мордовија се протегала од Волга да Днепар и од Ока до Црно Море.
Во мордовската митологија, Туштиј бил бог на месечината, бил син на богот Гроб и девојката Литова. Тој секој месец ја менува возраста следејќи ги месечевите мени.
Публикации
уредиМасторава е објавена на 5 јазика: ерзјански (А. М. Шаронов), мокшански (во превод на М. С. Мојсеева), руски (во превод на А. М. Шаронов), унгарски (во превод на Марија Дуганчи) и фински (во превод на Раи Бартенс).