Масатоши Накајама
Накајама Масатоши (јапонски: 中山 正敏, Префектура Јамагучи, 13 април 1913 — Токио, 15 април 1987) бил мајстор во шотокан карате кој прв достигнал 10 дан.[1][2][3]
Животопис
уредиНакајама е роден во префектурата Јамагучи.[2][4][5] Со карате почнал да се занимава по уписот во Универзитетот Такушоку 1932 година, каде што се обучувал со Гичин Фунакоши и синот на Фунакоши Гиго Фунакоши. Накајама студирал кинески и отишол во Кина како преведувач и дел од тимот за спасување на силите на јапонската инвазија 1937 година. Се вратил во Јапонија во 1946 година.
Во 1949 година тој ја основал Јапонската карате асоцијација со Гичхин Фунакоши како главен инструктор,. Тој ги претставил карате катата и кумитот како турнирски дисциплини. Постигнал невиден успех во педесеттите години на турнирот и шеесеттите години од минатиот век. Накајама исто така е познат по тоа што работел на проширувањето на шотокан карате низ целиот свет. Заедно со неговиот учител Фунакоши ја основал програмата за обука на инструктори за JKA. Високо обучени дипломирани студенти на оваа програма основал туторијали во повеќе од сто различни земји во светот. За жал, по смртта на Накајама JKA била поделена, и многу истакнати инструктори имаат воспоставено свои здруженија.
Книги
уредиНакаџама напиша неколку книги за карате. Тој е автор на серијата Најдобро карате, како и книгата "Динамичко карате". Неговите книги се користат во многу држави во светот.
Познати ученици
уредиНаводи
уреди- ↑ Japan Karate Association: Master Nakayama Masatoshi Архивирано на 7 април 2010 г. Посетено на February 13, 2010.
- ↑ 2,0 2,1 Abada Capoeira: In memoriam – Master Masatoshi Nakayama Архивирано на 29 ноември 2009 г. Посетено на February 13, 2010.
- ↑ USA Dojo: Masatoshi Nakayama Архивирано на 27 септември 2011 г. Посетено на February 13, 2010.
- ↑ The Shotokan Way: Masatoshi Nakayama profile[мртва врска] Посетено на February 13, 2010.
- ↑ Shoto-ryu Karate-do Shiseikai: Masatoshi Nakayama Архивирано на 20 јануари 2010 г. Посетено на February 13, 2010.