Мартин Халер
Мартин Емил Фердинанд Халер (1835–1925) бил германски архитект, кој го проектирал Градскиот дом на Хамбург и зградата на генералниот конзулат на САД во Хамбург и член на хамбуршкиот парламент.
Мартин Халер | |
---|---|
цртање од Кристијан Вилхелм Аллерс, околу 1894 година | |
Роден(а) | декември 1, 1835 Хамбург |
Починал(а) | мај 26, 1925 Хамбург | (возр. 89)
Националност | Германец |
Зданија | Градски дом на Хамбург Лајсцхале |
Ран живот и семејство
уредиХалер е роден на 1 декември 1835 во Хамбург.Неговиот татко бил правникот Фердинанд Халер (1805–1876), градоначалник на Хамбург. Мајката на Халер, Адел, била Еврејка, ќерка на Амшел Опенхајмер. Халер ја посетувал гимназијата Gelehrtenschule des Johanneums до 1855. Халер студирал архитектура во Потсдам, Берлин, Париз и Англија.[1]
Во 1865, Халер се оженил со Антони (порано Шрам, 1846–1925) и имал син Фердинанд (1871–1963), кој бил заменик директор на HAPAG и три ќерки, Антони, Мари и Елен.[1]
Халер умрел на 26 мај 1925 во Хамбург.[1]
Кариера во Хамбург
уредиВо 1861, Халер се вратил во Хамбург и отворил биро. Тој бил 10 години претседател на професионалната организација на архитекти и член на Хамбуршкиот парламент 14 години. Во 1880, Халер и 8 други архитекти основале синдикат и му презентирале на Сенатот на Хамбург нова верзија за Градскиот дом на Хамбург. Во 1886, изградбата почнала.[1]
Халер планирал повеќе од 562 градежни проекти.[1]
Влијание
уредиХалер бил под влијание на Шарл Гарние, архитект на Париската опера; Готфрид Земпер и италијанската висока ренесанса. Тој не го сакал движењето сецесија.[1]
Избрани дела
уреди- Градски дом на Хамбург
- Алстеруфер# 27 (сега Генерален конзулта на САД во Хамбург и изменет)
- Канцелариска зграда (банка) за M.M.Warburg & CO
- Концертна сала Лајсцхале
- Канцелариска зграда за Reederei Woermann, т.е. Afrikahaus
- Канцелариска зграда за Hamburg-Amerikanische Packetfahrt-Actien-Gesellschaft (HAPAG)
- Висока школа за музика и театар Хамбург
Почести
уредиГрадот Хамбург му оддал почест на Хале со улицата Hallerstraße (Халерштрасе). 53°34′21″N 9°59′20″E / 53.57250° СГШ; 9.98889° ИГД
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Hans-Jürgen Brandt (1966), „Haller, Martin“, Neue Deutsche Biographie (германски), Berlin, Band 7: 553–554[мртва врска]
Надворешни врски
уреди„Мартин Халер“ на Ризницата ? |