Марлборо (Нов Зеланд)

(Пренасочено од Марлборо (округ))

Марлборо (англиски: Marlborough) е регион во Нов Зеланд, кој се наоѓа на североисточниот дел на Јужниот новозеландски остров. Главен град е Бленем. Регионот е познат по сувата клима, живописните Марлборски Заливи и виното совињон бланк.

Регион Марлборо
Местоположба
Поглед кон Бленхејм
Статистики
Главен град Бленем
Површина 12.484 км²
Население
јуни 2006
43.200
Окрузи 21
Повикувачки број 03

Географија

уреди

Географијата на Малборо може грубо да се подели на четири дела. Два од овие, јужниот и западниот, се планински. Јужниот дел е особено планински, кој се издига до врвовите на венецот Каикоура. Овие два планински региона се последните северни остатоци кои ги сочинуваат Јужните Алпи, иако ова име ретко се употребува за планини кои се волку северно.

Можеѓу овие два дела се наѓа долга права долина и во неа, реката Ваирау. На источниот крај ова се проширува во широки рамнини, во чие средиште се наоѓа градот Бленем. Оваа област се одликува со потопли температури и плодна почва, и како таква е центарот на новозеландската винска индустрија.

Четвртиот дел лежи долж северниот брег. Овде потонатите долини на Марлборските Заливи сочинуваат привлечно крајбрежје. Градот Пиктон е сместен на јужниот крај на еден од поголемите заливи, Кралица Шарлота .

Луѓе и управа

уреди

Марлоборо е управуван од унитарна обласна управа, Окружниот совет на Марлборо.

Голем дел од населението живее околу крајбрежните рамнини околу и јужно од устието на реката Ваирау, и во помали населби околу заливите. Освен Бленем и Пиктон, други марлборски градови се Хевлок, Ренвик, Ворд и Седон. Во извесни случаи, градот Каикура исто така се смета за дел од Марлборо.

Светски познати жители на Марлборо се ракетниот научник Вилијам Пикеринг и физичарот-нобеловец Ернест Радерфорд.

Важни населени места

уреди
 
Бленем

Бленем е главен град на регионот и воедно град со најголем број жители.

Поголеми населени места се:

Вино

уреди

Може да се каже дека токму во Марлборо започнала современата новозеландска винска индустрија. Тука, во доцните 1970-ти, Монтана призвеле совињон блан и други сорти, што довело до заклучок дека Нов Зеланд може да произведува интересни вина.

Најголемиот дел од винариите се наоѓаат околу Реник, Бленем и Облачниот залив во долината на реката Ваирау. Винарии има и појужно, во долината на реката Аватере близу Седон. Овие главно се стари каскади на долините на реките Ваирау и Аватере.

Се смета дека во оваа област се прави најдобриот совињон блан во светот. Видете Винарии Облачен залив и Гроув Мил. Исто така важно е и производството на пенливи вина по традиционален француски метод, особено близу Ренвик, од Ризлинг, Пино Ноар и Шардоне.

Поврзано

уреди

Надворешни врски

уреди