Маркус Даниелсон
Маркус Андреас Даниелсон (8 април 1989) е професионален шведски фудбалер кој играл на позицијата дефанзивец, одбранбен играч во кинеската супер лига за клубот Далиан Професионал и за Фудбалската репрезентацијата на Шведска.
Клупска кариера
уредиПочетна кариера
уредиДаниелсон играл за фудбалскиот клуб ИФК Ескилстуна. Се натпреварувал во четвртата шведска лига, а подоцна се префрлил да игра за екипата од првата шведска лига за тимот на Хелсингборг ИФ и тоа некаде во летото 2007 година.[1] Во Хелсингборг ИФ се обидувал да се пробие во првиот тим, но безуспешно и подоцна клубот му дозволил слободно да премине во третолигашкиот клуб Вестерос СК. Тоа го сторил на 27 јули 2009 година.[2]
Вестерос СК
уредиДаниелсон добил значително повеќе време за игра во новиот клуб Вестерос СК и во сезоната во лигата 2010 бил составен дел од првиот тимот што успеал да ја освои титулата во дивизијата и да обезбеди место во втората шведска лига, лигата Суперетан.[3] Клубот имал проблеми во втората лига и на крајот од лигашката сезона во 2011 година испаднал и повторно заминал во лигата од трет ранг.[4] Додека бил во клубот на Вестерос, Даниелсон играл на позицијата централен бек заедно со неговиот иден тимски колега од репрезентацијата на Шведска, Виктор Нилсон Линделоф.[5]
ГИФ Сундсвал
уредиНа 8 февруари 2012 година, Даниелсон се префрлил во новопромовираниот клуб со високи дострели ГИФ Сундсвал кој штотуку успеал да влезе во Алсвенскан 2012 година, во првата шведска лига.[6] Тој го одиграл својот прв натпревар во првата лига на 31 март 2012 година во поразот со 1:0 од тимот на Калмар ФФ.[7] Клубот испаднал на крајот на сезоната откако загубил во плеј-офот за испаѓање од тимот на Халмштад БК.[8] Даниелсон останал во клубот, кој на крајот од идната сезона завршил како втор во втората лига Суперетан во 2014 година и повторно се вратил во најсилната лига на Шведска, во Алсвенскан лигата.[9]
Ѓургарден ИФ
уредиНа 12 февруари 2018 година, Даниелсон потпишал за првиот тим, член на првата лига, за Ѓургарден ИФ.[10] Првиот натпревар за тимот го одиграл на 1 април 2018 година против екипата на Естерсунд ФК, постигнувајќи го единствениот гол на натпреварот.[11]
На 10 мај 2018 година, Даниелсон играл на натпреварот на Ѓургарден против тимот на Малме ФФ во финалето на Купот на Шведска.[12] Тој натпревар завршил со резултат 3:0 за тимот на Ѓургарден.
Во 2018 година одиграл вкупно 27 натпревари и бил избран за најкорисен играч во лигата кога тимот на Ѓургарден го освоил првенството на Шведска, Алсвенскан во 2019 година.[13]
Далиан Професионал
уредиНа 28 февруари 2020 година, Даниелсон станал најскапиот играч на Ѓургарден со трансферот, кога заминал во кинескиот клуб Далиан Професионал со седиште во градот Далиан. Сумата која била исплатена била повеќе од 50 милиони СЕК.[14] (шведски круни)
Својот прв натпревар за Далиан го одиграл на 26 јули 2020 година, постигнувајќи гол во поразот со 2:3 од Шандон Луненг.[15] Во неговиот втор натпревар за клубот, тој добил црвен картон кога го направил, но и го признал пеналот во нерешениот резултат од 1–1 против тимот на Хенан Џиание.[16]
Меѓународна кариера
уредиПочетна кариера
уредиНа 7 октомври 2019 година, Даниелсон бил повикан во Фудбалската репрезентацијата на Шведска за квалификациските натпревари за УЕФА ЕВРО 2020 против тимот на Малта и тимот на Шпанија како замена за повредениот централен играч од одбраната Понтус Јансон.[17] На првиот натпревар против Малта тој постигнал гол од корнер на само десет минути од влегувањето во игра. Натпреварот завршил со резултат од 4:0.[18] На 14 ноември 2020 година, тој го постигнал својот втор меѓународен гол во победата од 2:1 против тимот на Хрватска во Лигата на нации од групата А на УЕФА 2020–21.[19] Својот трет гол на меѓународен натпревар за екипата на Шведска го постигнал на пријателскиот натпревар со Ерменија на 5 јуни 2021 година.[20]
УЕФА Евро 2020
уредиДаниелсон бил повикан во тимот на Шведска за УЕФА ЕВРО 2020 во мај 2021 година (ова натпреварување се одржало по една година од стандардниот термин поради проблемот со корона кризата), и започнал на сите три натпревари од групната фаза заедно со Виктор Линделоф на позицијата среден бек.[20] На 29 јуни 2021 година, Даниелсон бил исклучен во натпреварот од осминафиналето против тимот на Украина по тежок прекршок над Артем Бесједин. Шведска била елиминирана од првенството во игра на продолженијата поради претходно нерешениот резултат.[21]
Статистика во кариерата
уредиКлупска статистика
уреди- Обновено на 16 мај 2021.[22]
Клуб | Сезона | Лига, одиграни натпревари и постигнати голови | Национален куп | Континетални натпревари
Европски |
Други натпревари | Вкупно | ||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | Настапи | Голови | ||
ИФК Ескилстуна | 2006 | Дивизија 2 Остра Свеланд трета шведска лига | – | – | – | |||||||
2007 | Дивизија 2 Остра Свеланд | – | – | – | ||||||||
Време | 32 | 4 | 0 | 0 | – | – | 32 | 4 | ||||
Хелсинборг ИФ | 2008 | Алсвенсканпрва шведска лига | 0 | 0 | 0 | 0 | – | – | 0 | 0 | ||
Вестерос СК | 2009 | Дивизија 1 Нора | 12 | 2 | 0 | 0 | – | – | 12 | 2 | ||
2010 | Дивизија 1 Нора | 25 | 5 | 0 | 0 | – | – | 25 | 5 | |||
2011 | Суперетан втора лига | 30 | 8 | 0 | 0 | – | – | 30 | 8 | |||
Време | 67 | 15 | 0 | 0 | – | – | 67 | 15 | ||||
ГИФ Сандсвал | 2012 | Алсвенсканпрва шведска лига | 29 | 1 | 2 | 0 | – | 2 | 0 | 33 | 1 | |
2013 | Алсвенсканпрва шведска лига | 29 | 3 | 4 | 0 | – | 2 | 0 | 35 | 4 | ||
2014 | Алсвенсканпрва шведска лига | 28 | 1 | 0 | 0 | – | – | 28 | 1 | |||
2015 | Алсвенсканпрва шведска лига | 8 | 0 | 0 | 0 | – | – | 8 | 0 | |||
2016 | Алсвенсканпрва шведска лига | 30 | 0 | 4 | 0 | – | – | 34 | 0 | |||
2017 | Алсвенсканпрва шведска лига | 27 | 5 | 1 | 0 | – | – | 28 | 5 | |||
2018 | Алсвенсканпрва шведска лига | 0 | 0 | 1 | 0 | – | – | 1 | 0 | |||
Време | 151 | 10 | 12 | 0 | – | 4 | 0 | 167 | 10 | |||
Ѓургарден ИФ | 2018 | Алсвенсканпрва шведска лига | 25 | 2 | 2 | 0 | – | – | 27 | 2 | ||
2019 | Алсвенсканпрва шведска лига | 27 | 4 | 0 | 0 | 2 | 0 | – | 29 | 4 | ||
Време | 52 | 6 | 2 | 0 | 2 | 0 | – | 56 | 6 | |||
Далиан Професионал | 2020 | Кинеска Супер лига | 11 | 1 | 0 | 0 | – | 5 | 0 | 16 | 1 | |
2021 | Кинеска Супер лига | 5 | 2 | 0 | 0 | – | – | 5 | 2 | |||
Време | 16 | 3 | 0 | 0 | – | 5 | 0 | 21 | 3 | |||
Вкупно во кариера | 318 | 38 | 14 | 0 | 2 | 0 | 9 | 0 | 343 | 38 |
Меѓународна статистика
уреди12 октомври 2021
Репрезентација | Година | Напревари | Голови |
---|---|---|---|
Шведска | 2019 година | 2 | 1 |
2020 година | 5 | 1 | |
2021 година | 10 | 1 | |
Вкупно | 17 | 3 |
Меѓународни цели
- Обновено на 12 октомври 2021. 'натпревари и постигнати голови на Шведска и на играчот
Број | Дата | Место на одржување | Противник | Резултат | Резултат | Тип на натпревар |
---|---|---|---|---|---|---|
1. | 12 октомври 2019 година | Национален стадион, Та' Кали, Малта | Малта | 1–0 | 4–0 | Квалификации за УЕФА ЕВРО 2020 |
2. | 14 ноември 2020 година | Френдс Арена,
Солна,Шведска |
Хрватска | 2–0 | 2–1 | 2020–21 УЕФА Лига на нации група А |
3. | 5 јуни 2021 година | Френдс Арена,
Солна, Шведска |
Ерменија | 2–0 | 3–1 | Пријателски |
Наводи
уреди- ↑ „Silly season 06/07: Provspelare på plats“. Svenskafans.com (шведски). 7 May 2007. Посетено на 28 March 2020.
- ↑ „Marcus Danielson klar för VSK Fotboll“. Vskfotboll.nu (шведски). 27 July 2009. Архивирано од изворникот на 16 October 2011. Посетено на 28 March 2020.
- ↑ „Sweden 2010“. Rsssf.com. 31 January 2013. Посетено на 28 March 2020.
- ↑ „Sweden 2011“. Rsssf.com. 28 June 2015. Посетено на 28 March 2020.
- ↑ „Tio år efter VSK - Danielson och Lindelöf mittbackspar i Blågult: "Väldigt stort"“. fotbollskanalen (шведски). Посетено на 2020-11-23.
- ↑ „Marcus Danielsson klar för GIF Sundsvall“. Svenskafans.com (шведски). 28 February 2012. Посетено на 28 March 2020.
- ↑ „GIF SUNDSVALL VS. KALMAR 0 - 1“. Soccerway.com. 31 March 2012. Посетено на 28 March 2020.
- ↑ „Sweden 2012“. Rsssf.com. 18 June 2015. Посетено на 28 March 2020.
- ↑ „Sweden 2014“. Rsssf.com. 18 June 2015. Посетено на 28 March 2020.
- ↑ „Officiellt: Eftertraktad back till Djurgården“. Aftonbladet.se (шведски). 12 February 2018. Посетено на 28 March 2020.
- ↑ „TV: Danielson hjälte för Dif - sänkte Östersund i premiären: "Fantastisk defensiv insats"“. Fotbollskanalen.se (шведски). 1 April 2018. Посетено на 28 March 2020.
- ↑ http://dif.se/djurgarden-cupmastare-malmo-kordes-over/
- ↑ „MVP! Danielson korad till årets mest värdefulla spelare i allsvenskan“. Aftonbladet (шведски). Посетено на 28 February 2020.
- ↑ „Avslöjar: Djurgården gör rekordaffär på Marcus Danielson“. www.expressen.se (шведски). Посетено на 28 February 2020.
- ↑ Radio, Sveriges. „Marcus Danielson målskytt i Kina-debuten - P4 Sörmland“. sverigesradio.se (шведски). Посетено на 1 August 2020.
- ↑ „Här får Danielson rött kort“. Aftonbladet (шведски). Посетено на 1 August 2020.
- ↑ „Pontus Jansson skadad – Marcus Danielson in“. SVT Sport (шведски). 7 October 2019. Посетено на 7 October 2019.
- ↑ „European Qualifiers: Malta 0-4 Sweden“. UEFA. 12 October 2019. Посетено на 13 October 2019.
- ↑ Radio, Sveriges. „Marcus Danielson nickade in 2-0 mot Kroatien - P4 Sörmland“. sverigesradio.se (шведски). Посетено на 2020-11-23.
- ↑ 20,0 20,1 „Marcus Danielson - Spelarstatistik - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se. (шведски). Посетено на 2021-07-06.[мртва врска]
- ↑ „Sweden vs Ukraine“. BBC Sport. 29 June 2021. Посетено на 29 June 2021.
- ↑ „Danielson, Marcus“. National Football Teams. Посетено на 13 October 2019.