Марко и Филип Маџарин
Марко и Филип Маџарин — македонска епска песна за Крале Марко.
Содржина
уредиДодека вечера, Крале Марко го чита писмото од Филип Маџарин, во кое тој го кани на двобој. Неговата мајка, уплашена од силата на Филип Маџарин, кој погубил 70 кралеви, му кажува на Марко да не чека Филип Маџарин да дојде во Прилеп, за да не мора да ја гледа неговата смрт. Тогаш, Марко ѝ кажува на својата жена Ангелина да му ги подготви коњот и оружјето, а таа станува на полноќ и на Шарец му дава три легени зоб и три легени вино.
Изутрината, Крале Марко го јавнува коњот и тргнува за Унгарија. Патем, тој стигнува до една река, каде 70 жени перат бела волна, а црната волна ја прават бела. Марко ги поздравува и тие му кажуваат дека се робинки на Филип Маџарин, кој им ги убил мажите. Тогаш, Марко ги прашува, колкава е силата на Филип Маџарин, а тие му го покажуваат каменот на кој ја перат волната, велејќи дека дека тој може да го крене до појасот. Крале Марко слегува од коњот, го крева каменот и го фрла многу далеку, а потоа ги прашува жените, како да ја најде куќата на Филип Маџарин.
Кога пристигнува до неговата куќа, Крале Маро ја крши железната порта, но во куќата ја наоѓа само жена му на Филип Маџарин. Бидејќи таа не сака да одговори на неговите прашања, Марко ѝ го сече јазикот и го убива нејзиното машко дете. Подоцна, Филип Маџарин се враќа дома и ја гледа крвавата глетка, па тргнува да го бара Крале Марко, кој во меѓувреме седнува во некоја меана. Кога го наоѓа, Филип Маџарин го фрла боздоганот, но Марко го дочекува во раката и му го фрла назад, соборувајќи го од коњот. Потоа, Марко му ја пресекува главата на Филип Маџарин и ја носи дома во Прилеп, каде ѝ ја покажува на мајка му. На тој начин, таа почнува да верува во силата на Марко.[1]
Наводи
уреди- ↑ Јунак над јунаци - епски песни за Марка Крале, Култура, Скопје, 1967, стр. 26-31.