Маркиз Хајнс

Американски кошаркар
(Пренасочено од Маркез Хајнес)


Кит Маркиз Хајнс (роден на 19 декември 1986, во Ервинг) е американски кошаркар, плејмејкер, кој во моментов е слободен играч.

Маркиз Хајнс


Лични информации
Роден на 19 декември 1986(1986-12-19)(37 г.)
Роден во Ервинг, Тексас, САД
Националност САД САД
Грузија Грузија
Висина 1,88 м
Тежина 84 кг
Позиција плејмејкер
Информации за кариерата
Колеџ Бостон колеџ (2005-2007)
Тексас Арлингтон (2008-2010)
Драфт 2010 / Не драфтуван
Проф. кариера 2010—
Моментален клуб
Клуб Без клуб
Сениорски клубови
Години: Клубови:
2010-2011
2011-2012
2012-2013
2013
2014
2014-2015
2015-2016
2016
2016-2019
Елан Шалон Елан Шалон
Гран Канарија Гран Канарија
Артланд Драгонс Артланд Драгонс
Олимпија Милано Олимпија Милано
Менс Сана Сиена Менс Сана Сиена
Макаби Тел Авив Макаби Тел Авив
Динамо Сасари Динамо Сасари
Панатинаикос Панатинаикос
Рејер Венеција Рејер Венеција
Репрезентација
2011 Грузија Грузија

Хајнс исто така има и грузиско државјанство, и играл за грузиската репрезентација на Евробаскетот 2011 година.

Колеџ кариера уреди

Роден во Ервинг, Тексас, Хајнс играл колеџ кошарка на Бостонскиот колеџ, за Бостон Иглс (2005-2007), и Тексас-Арлингтон, за Тексас-Арлингтон Маверикс (2008-2010).

Професионална кариера уреди

Откако не бил избран на НБА Драфтот 2010, Хајнс одлучил да ја започне својата професионална кошаркарска кариера во Европа, потпишувајќи договор со екипата на Елан Шалон од Француската Про А лига.[1]

Во сезоната 2011-2012 тој се преселил во шпанската АЦБ лига каде потпишал за Гран Канарија, со која имал во просек 10,9 бода и 1,6 асистенции по натпревар. Во дресот на Гран Канарија, тој исто така го направил своето деби во Еврокупот.

Во сезоната 2012-2013, тој потпишал со Артланд Драгонс во Бундеслигата.

Во јули 2013 година, тој потпишал за Олимпија Милано,[2] но на 28 декември 2013 година, по ангажманот на Даниел Хакет од страна на Олимпија, тој го раскинал договорот со клубот во взаемна согласност со миланската екипа.[3] Речиси во исто време Хајнс потпишал со Монтепаски Сиена за да го замени токму Хакет.

По завршувањето на сезоната со Сиена, Хајнс повторно го променил клубот потпишувајќи двегодишен договор со израелскиот Макаби Тел Авив во јули 2014 година,[4] придонесувајќи во клубот за освојувањето на Купот на Израел.

На 5 јули 2015 година, се вратил во Италија по само една година каде бил ангажиран од Динамо Сасари, тогашниот италијански шампион.[5]

На 29 јануари 2016 година, Панатинаикос го купил Хајнс од Сасари за 100.000 евра.[6][7]

На 5 јули 2016 година, тој потпишал со уште еден италијански клуб Рејер Венеција.[8] Во сезоната 2016-2017, Хајнс бил еден од клучните играчи на Рејер во освојувањето на италијанската Серија А со 11.8 бода по натпревар.

Успеси уреди

Клупски уреди

  Шалон уреди

  Макаби Тел Авив уреди

  Панатинаикос уреди

  Рејер Венеција уреди

Наводи уреди

  1. Alumnus Marquez Haynes adjusts to life in France playing for French club Chalon.
  2. „Olimpia is Welcoming MarQuez Haynes“.
  3. „Olimpia Milano, MarQuez Haynes part ways“. Sportando.net. Посетено на 29 December 2013.
  4. „Maccabi makes combo guard Haynes its first new addition“. Euroleague.net. Посетено на 13 July 2014.
  5. „Dinamo Sassari announces MarQuez Haynes“. Sportando.com. July 6, 2015. Посетено на July 6, 2015.
  6. „Panathinaikos announces MarQuez Haynes“. Архивирано од изворникот на 2017-08-13. Посетено на 2018-01-16.
  7. Deal with Haynes
  8. „Reyer Venezia announces Marquez Haynes“. Архивирано од изворникот на 2017-08-13. Посетено на 2018-01-16.

Надворешни врски уреди