Марија Мирчов - Скаловска

(Пренасочено од Марија Скаловска)

Марија Мирчов-Скаловска (1 март 1929, Каравуково, Југославија - 24 јануари 2006, Скопје, Република Македонија) била истакната македонска оперска и концертна пејачка. Музичко образование завршува во Средното музичко училиште во Нови Сад, во класите на професорите Рудолф Ертл и Евгениј Маријашец, а потоа приватно се усовршува кај проф. Злата Ѓунѓенац во Белград. Дебитира со улогата на Микаела (Кармен) во 1950 година. На сцената на Македонскиот народен театар (МНТ), доаѓа на покана, како солист на Новосадската опера (1950-1952). Таа е пејачка со високи квалитети, чија музикалност, со топла и сценска непосредност, набргу се вклопува во ансамблот како еден од неговите клучни протагонисти.

Марија Мирчов-Скаловска
Родена 1 март 1929
Каравуково, Југославија
Починала 24 јануари 2006
Скопје, Република Македонија

Во наредните дваесет и три години Марија Мирчов-Скаловска реализира дваесет и шест значајни партии од лирскиот и драмскиот фах. При крајот на својата кариера успешно се занимава со вокална педагогија.

Најважни улоги

уреди
  • Софи (Вертер, 1954)
  • Марженка (Продадена невеста, 1956)
  • Евридика (Орфеј и Евридика)
  • Неда (Палјачи, 1957)
  • Росина (Севилскиот бербер)
  • Флорами (Мала Флорами, 1957)
  • Чо Чо Сан (Мадам Батерфлај)
  • Мими (Боеми)
  • Моника (Медиум, 1958)
  • Лиза (Земјата на насмевките, 1962)
  • Микаела (Кармен, 1965)
  • Јана (Гоце)
  • Магда (Пајажина, 1966)
  • Манон Леско (Манон)
  • Маргарета (Фауст, 1967)
  • Ирена (Цар Самоил, 1968)
  • Белинда (Дидона и Енеј, 1971)
  • Дездемона (Отело)
  • Ѓула (Еро од оној свет)
  • Елизабета (Дон Карлос, 1972)
  • Џилда (Риголето)
  • Татјана (Евгениј Онегин)