Марија Пиетила-Холмнер

Марија Хелена Пиетила-Холмнер (родена на 25 јули 1986 година) — пензионирана шведска скијачка во алпско скијање од Светскиот куп. Таа била специјалист за техничките дисциплини слалом и велеслалом.

Марија Пиетила -Холмнер

Родена во Умео, Пиетила-Холмнер започнала да се занимава со алпско скијање од нејзината седумгодишна возраст. Таа исто така била искусна фудбалерка, играјќи како напаѓач за младинската женска екипа на Марихем и тоа до 15-годишна возраст. Од тогаш решила да се фокусира на скијањето. Пиетила-Холмнер го имала својот прв настап на Светското првенство во Зелден на 16-годишна возраст во месец октомври 2002 година.[1] Холмнер освоила златен медал на Светското јуниорско првенство во алпско во 2006 година во дисциплината слалом.[2] Нејзината прва победа во Светскиот куп била во слалом во американски Аспен во ноември 2010 година.[3][4] Таа имала вкупно 207 стартови на скијачките натпревари и застанала вкупно десет пати на победничкиот подиум, вклучувајќи и три победи.

Пиетила-Холмнер освоила вкупно пет медали на Светските првенства, два во поединечни конкуренција и три во екипна. Таа освоила сребрен медал во велеслалом во 2007 година во центарот Аре во Шведска.[5] Четири години подоцна, во 2011 година, таа освоила 2 бронзени медали во Гармиш-Партенкирхен во Германија во дисциплината слалом.[6] Во скијачкиот центар Шладминг во 2013 година, таа го освоила среброто во екипно натпреварување. Холмнер својот последен светски медал го освоила на првенството 2017 година, каде што била дел од шведскиот тим кој завршил на третото место во екипната конкуренција.

Таа своето прво натпреварување на Зимските олимписки игри го имала во 2006 година, каде што завршила на десеттото место во дисциплината велеслалом. На Зимските олимписки игри 2010 година таа завршила на четвртото место во дисциплината слалом, а на Зимските олимписки игри 2014 го заземала шестото место во дисциплината велеслалом. Пиетила освоила седум титули во шведското првенство, пет во дисциплината слалом, една во дисциплината велеслалом и една во комбинација (комбинација од две дисциплини).

На 17 јануари 2018 година, таа го објавила своето повлекување од алпското скијање, поради проблеми со грбот.[7] Продолжила како стручен коментатор на телевизијата Еуроспорт.[8]

Холмнер од 2004 година е во врска со колегата од алпското скијање Ханс Олсон.[9] Тие се вериле во 2018 година. И двајцата работеле како дел од тимот кој го покривал коментирањето на дисциплината алпско скијање на Зимските олимписки игри во 2018 за телевизијата Еуроспорт.[10]

Резултати од Светското првенство

уреди

Позиција во сезоната

уреди
Сезона Возраст Вкупно настапи Слалом Велеслалом Супер велеслалом Спуст Комбинирани
2004 година 17 104 - 43 - - -
2005 година 18 63 33 31 - - -
2006 година 19 24 17 20 - - -
2007 година 20 26 15 14 - - -
2008 година 21 29 12 12 - - -
2009 година 22 13 7 7 54 - -
2010 година 23 13 8 6 - - -
2011 година 24 11 4 19 - - 32
2012 година 25 33 14 29 - - -
2013 година 26 17 7 27 - - -
2014 година 27 7 4 3 место бронзен медал - - -
2015 година 28 15 7 16 - - -
2016 година 29 19 9 8 - - -
2017 година 30 65 23 33 - - -
2018 година 31 не се натпреварувала; се пензионирала на средината на сезоната

Скијачки пиедестали (подиуми)

уреди
Сезона Датум Локација Дисциплина Место
2009 година 15 ноември 2008 година   Леви, Финска Слалом 2
2011 година 28 ноември 2010 година   Аспен, Колорадо, САД Слалом 1
2 јануари 2011 година   Минхен, Баварија, Германија Градски настан 1
2012 година 27 ноември 2011 година   Аспен, Колорадо, САД Слалом 2
2014 година 22 декември 2013 година   Вал-д'Изер, Франција Велеслалом 3
5 јануари 2014 година   Бормио, Италија Слалом 2
14 јануари 2014 година  Флахау, Австрија Слалом 3
8 март 2014 година   Аре, Шведска Слалом 2
2015 година 13 декември 2014 година Слалом 1
2016 година 23 февруари 2016 година   Стокхолм, Шведска Градски настан 3

Резултати од Светското првенство

уреди
година Возраст Слалом Веле слалом Супер

велеслалом

Спуст Комбинација
2005 година 18 13 16 - - -
2007 година 20 11 2 место сребрен медал - - -
2009 година 22 диквалификувана во првата трка 8 - - -
2011 година 24 3 место

бронзен медал

22 - - -
2013 година 26 6 18 - - -
2015 година 28 14 9 - - -
2017 година 30 14 25 - - -

Олимписки резултати

уреди
Година Возраст Слалом Велеслалом Супер-веле слалом Надолнина Комбинирани
2006 година 19 21 10 - - -
2010 година 23 4 24 - - -
2014 година 27 дисквалификувана во првата трка 6 - - -

Видео

уреди
  • Запикс – интервју по трката во ноември 2011 година – второ место, слалом во Аспен

Наводи

уреди
  1. Frime, Monika (24 July 2006). „Maria Pietilä Holmner fyller 20 år“ [Maria Pietilä Holmner turns 20 years old]. hd.se (шведски). Посетено на 18 February 2019.
  2. „Familjelängtande "PH" ler mot karriärslutet“ [Family-longing "PH" smiles at the end of her career]. sydsvenskan.se (шведски). 17 January 2018. Посетено на 17 February 2019.
  3. „Swedish skier wins World Cup slalom; Lindsey Vonn eighth“. USA Today. Associated Press. 28 November 2010. Посетено на 23 December 2013.
  4. Piestrup, Zeke (28 November 2010). „Maria Pietila Holmner wins Aspen World Cup slalom, Maria Riesch second, Lindsey Vonn 8th“. Ski Channel. Архивирано од изворникот на 15 February 2015. Посетено на 23 December 2013.
  5. „Fall costly for Paerson“. Pittsburgh Post-Gazette. 14 February 2007. стр. D-11.
  6. „Sweden's Pietilä Holmner claims world ski bronze“. The Local. 19 February 2011. Посетено на 23 December 2013.
  7. Lisa Edwinsso (17 January 2018). „Maria PH avslutar karriären“ (шведски). Dagens nyheter. Посетено на 17 January 2018.
  8. „Maria PH slutar“ (шведски). Sportbladet. 17 January 2019. Посетено на 21 March 2019.
  9. Svensson, Ulrika (2 July 2012). „Couples rehab: Maria Pietilä-Holmner & Hans Olsson“. International Ski Federation. Архивирано од изворникот на 21 February 2018. Посетено на 18 February 2019.
  10. Ruuth, Tomas. „Klart: Maria PH till OS – som tv-expert“ [Clear: Maria PH to Olympic Games - as a TV expert]. Folkbladet (шведски). Архивирано од изворникот на 2019-02-19. Посетено на 17 February 2019.

 Надворешни врски

уреди